imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple претстави паметен домашен звучник


Apple претстави паметен звучник, центриран околу Apple Music, HomeKit и Siri
Сме виделе многу звучници, но во палетата на производи на Apple немаше нешто слично на ова. HomePod не е само едноставен Bluetooth звучник, туку нешто како средишен уред за вашата дневна соба. Иако гласините се остварија и звучнико е со цилиндричен облик, не е сличен со Mac Pro. Уредот е со големина од 11 инчи (28 см), и има 7 звучници и 6 микрофони. Благодарејќи на дизајнот од 360 степени, ќе можете да го сместите било каде во вашата дневна соба, а звукот ќе го слушнете без оглед на тоа каде стоите. Она што му дава живот на HomePod е A8 чипот, кој исто така може да се пронајде во Apple TV и iPhone 6.
Во текот на демонстрацијата, Apple нагласи дека HomePod е вистински музиколог, бидејќи е делумно посветен на Apple Music. Секако, со нив исто така ќе можете да управувате со помош на Siri, иако нема многу весто за нејзиниот развој, освен многу нови клучни поими. Се надеваме дека Apple во иднина ќе поработи на својот личен асистент.Една од најдобрите функции на HomePod е компатибилноста со HomeKit, иако навистина е на почетокот на својот развој. Нема да има екран на HomePod, иако Фил Шилер, Виш потпретседател на Apple за маркетинг, порано зборуваше за тоа дека нема смисол за се произведе асистент со исклучиво гласовно управување. Меѓутоа, ако не сакате да му се обраќате, со HomePod ќе можете да управувате преку површината осетлива на допир сместена на неговата горна страна и со гестикулации да одговарате на прашањата на Siri.

Вклучувањето и користењето на HomePod е едноставно како и спојувањето на AirPods на iPhone или поврзувањето на Apple TV со WiFi. Само треба да го држите својот iPhone над уредот и тоа е се. Производот од крајот на оваа година ќе биде достапен во Австралија, Велика Британија и САД, што значи дека нема сите да го добијат HomePod за Божик оваа година. Со цена од 350 долари, Apple го смести HomePod некаде во средина во споредба со цените на производите што веќе се наоѓаат на пазарот.

Заврши уште една многу возбудлива WWDC презентација, што будно ја следевме. Што мислите за HomePod? Дали веќе се прочитаве за iOS 11 и новите оперативни системи за Mac, Apple Watch и Apple TV?

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!