imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple само што дојде на идеја за лаптоп без тастатура


Или можеме да кажеме дека Apple го редефинира она на што помислуваме кога се работи за општ уред за внесување податоци, тастатура. Нодамна дојдоа со идеја за преносен компјутер без тастатура.

Откако користиме компјутери, нашиот примарен извор за инпут е тастатурата. Уште повеќе, на самиот почеток, таа беше единствениот уред за инпут, бидејќи постоеја само текстуални оперативни системи кои ја следеа било која наредба која ќе ја внесете. Методот остана ист, но благодарение на графичкиот интерфејс повеќе не мораме да запишуваме точни наредби.

Би било навистина чудно кога компјутерите би ги изгубиле овие функции, зарем не? Да кажеме дека би било тешко да се навикнеме на тоа. Во минатата деценија почнавме да користиме iPhone и iPad, а најголемата предност на овие уреди е всушност нивниот интерфејс кој постојано се менува, и нема фиксни точки.

 

.

 

Можете да си играте, да праќате пораки, уредувате фотографии и цртате вез посебни алатки за внесување – освен Apple Pencil. Можеме да се сетиме на многу патенти, стандарди, технологии и методи од минатото кои укажуваат на преносен компјутер со таква функција.

Се почна со 3D Touch кој се однесува на функциите на сензорот на притисок. Потоа следуваа Haptic feedback и Taptic Engine наместо физичкото Home копче, кои можеа совршено да го имитираат движењето на копчето. Нешто подоцна, претставен е и Touch Bar, OLED лентата која се наоѓа на MacBook Pro. Сите тие би можеле да бидат предвесник на преносниот компјутер со сите исти функции.

Иако сметавме дека Touch Bar е навистина напредна функција, не беше целосен успех. Нејзиниот најголем недостаток, кој е главен проблем на сите уреди со површина на допир е тоа дека корисниците можеби нема да го почувствуваат точното притискање на виртуелните копчиња.

Исто така, Touch Bar беше прилично тенок за прикажување на вистински информации, но може да се прилагоди, а тоа е главниот правец на повторно замислените преносни компјутери. Меѓутоа, земете го случајот на графички дизајнер или концептен уметник кој поминува поголем дел од времето цртајќи. Дури и ако неговиот сегашен преносен компјутер има екран осетлив на допир, се работи за вертикална површина, па поради тоа постои добра шанса дека ќе одлучи за iPad Pro – или било кој друг таблет – за да има слобода на креирање. За нив, големата конвертибилна допирна површина наместо тастатурата би била неверојатно корисна.

Претходно напишавме текст за MacBook кој никогаш не можеше да постои. Сега би можеле да го отстраниме атрибутот „никогаш да постои”, ако Apple би можел да сфати како да ги имитира повратниоте информации од вистинската тастатура. Тогаш би можеле да бидеме неколку чекори понатаму од сфаќањето како работи овој патент.

Влезниот уред за електронските уреди вклучува куќиште и горен дел кој ја дефинира површината за инпут со повеќестрани различни подрачја на внесување. Влезниот уред понатаму го вклучува првиот систем за мерење на силата кој е поврзан со првото подрачје на горниот дел и кој ја вклучува првата група различни региони за инпут, и вториот систем за мерење на силата кој е поврзан со другото подрачје на горниот дел и ја вклучува втората група различни региони за инпут. Влезниот уред понатаму го вклучува системот за допир кој е конфигуриран за да одреди кој регион за инпут од првата група на различните региони за инпут одговара на првиот влез и да одреди кој регион за инпут од втората група различни региони за инпут одговара на вториот влез на сила.

Знаеме дека е малку збунувачки, но главната функција на уредот би било да се создаде тастатура без вистински копчиња, која има различни реакции во случај на чукање или цртање. Баш како и во случајот на мобилните уреди, намената може да го промени целиот интерфејс.

Не би се обложиле на тоа дека уред како овој ќе биде претставен наскоро, но тоа би можел да биде огромен чекор напред, дури и за прашањето кога ќе се спојат iOS и macOS?

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!