imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple сега работи 100 проценти на обновлива енергија


Од секој штекер во Купертино до гигантските серверски фарми, сите згради на Apple во целост работат на обновливи извори на енергија. Не само во САД, туку ширум светот, во 43 различни држави. Вчера станаа 100 проценти зелени.

Денес е многу пожелно големите компании да бидат зелени и тоа практично се смета за нивна одговорност. Секако, Apple не се сврте кон обновливите извори на енергија исклучиво од благородни побуди – „зелениот” маркетинг многу подобро делува од „обичниот”.

Сепак, не можеме да кажеме дека не се доследни. За компании од таков обем пофално е да работат со 50 проценти обновлива енерија, но Apple не сака да ги прават работите половично, па одлучија да достигнат стопроцентна енергетска чистина. И тоа ширум светот, во 43 држави, се до последниот погон. Еве како Tim Cook ја коментираше оваа објава:

„Целта ни е да го оставиме светот подобар отколку што го најдовме. После години напорна работа, горди сме што дојдовме до толку голема пресвртница”, рече директорот на Apple, Tim Cook. „Ќе продолжиме да се трудиме да ги поместуваме границите на можното со материјалите во нашите производи, начините на нивното рециклирање, нашите градби и нашата работа со снабдувачите, за да развиеме нови креативни и напредни обновливи извори на енергија, бидејќи знаеме дека од тоа зависи иднината на сите нас.

За да ги достигнат тие легендарни 100 проценти, Apple мораше да вложи многу пари, време и енергија. Поставија соларни панели и фарми ветернииц и ги истражуваа горивата на природен плин, разните системи за производство на електрична енергија и новите технологии на складирање на енергија.

Според официјалното соопштение, моментно работат на 25 проекти во кои произведуваат 626 MW обновлива енергија. Само во 2017. година отворија доволни фарми со соларни панели да создадат енергија од 286 MW, што е повеќе отколку што некој произвел во една година. Тука се уште 15 други проекти кои ќе пружат 1,4 GW зелена енергија за 11 држави.

Достигнувањето на оваа цел од 100 проценти беше голем сон на Apple. Како прв чекор, во 2011. година ја намалија емисијата на стакленички плинови за 54 проценти и така спречија испуштање 2,1 милиони тони CO2 во атмосферата. До 2014. година сите нивни податочни центри работеа на обновлива енергија, а во 2016. година, енергијата добиена од обновливите извори достигна 96 проценти. Беа потребни само две години да ги поминат тие последни 4 проценти.

Мораме да истакнеме дека во пресметката не се вклучени снабдувачите, а сите знаеме дека компонентите на уредите доаѓаат од многуте различни делови на светот. Тоа се уште не е најзелено решение. Apple ги поттикнува сите свои бизнис партнери да им се придружат во големиот успех: 23 снабдувачи, вклучувајќи ги Quanta Computer, Pegatron и Finisar веќе го прифатија тој повик.

Дури и ако сето ова е поради работа на брендот, зголемување на бизнис добивката или некои други причини, секоја им чест!

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.