imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple се бори за содржината на Barack Obama


Не ме прашувајте зошто или како, но претходниот претседател на САД и неговата сакана сопруга Michelle Obama почнаа да создаваат содржина. А Apple би сакал да има ексклузивни права на нив.

Дали некогаш сте размислувале за тоа што прават бившите претседатели како постари граѓани на САД? Јас не, но можам да замислам неколку различни сценарија. Barack Obama, претходниот претседател на САД, минатата година ја напушти сцената по 8 години скромна служба. Тогаш имаше 55 години и беше активен, згоден маж.

Очигледно не ги поминува своите денови решавајќи крстозбори или извршувајќи мали поправки во куќата. Но, никогаш не сум помислил дека ќе почне да го стрима својот сопствен  Obama Show. Но, се чини дека е така. Според информациите кои ги пружи извор близок до бившиот претседател, тој и неговата сопруга би сакале да почнат да емитуваат за да ја урамнотежат моментната медиумска ситуација.

Obama веќе неколку пати рече дека во текот на ерата на Trump објавуваат лажни и манипулативни вести преку медиумите и социјалните мрежи кои се под политичко влијание. Со своја сопствена содржина, ќе има прилика да го изрази своето мислење за јавните настани на свој начин.

Веројатно нема да почне јавна војна против моментниот претседател, но ќе зборува за теми за кои има сосема поинакво мислење од Trump. Извештајот е за здравствената заштита, гласањето, миграцијата, странската политика или климатските промени. Неговата сопруга, Michelle Obama би ја промовирала важноста на здравата исхрана, бидејќи со таа тема доста се занимаваше кога беше прва дама на Соединетите Американски Држави.

Тоа на семејството Обама би можело да му донесе многу работи. Имајќи ги на ум гласините кои наведуваат дека му платиле 60 милиони долари за неговите мемоари, тоа би можел да биде убава сума. Како што наведува New York Times, Obama моментно е во преговори со Netflix; што би можела да биде мека точка за Apple, кој исто така чека во ред за неговата содржина. Војната се уште не е завршена, Apple едноставно би можел да даде подобра понуда од Netflix.

Apple моментно обрнува големо внимание на своите содржини. Кружеа гласини за купување на Disney и Netflix. Имаат свои нешто помалку успешни серии и се чини дека навистина решиле да пронајдат нешто интересно.

Извор: The New York Times

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.