imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple ќе најави (PRODUCT) RED Edition на iPhone 8 и 8 Plus


Според изворот на  Virgin Mobile, можеби уште денеска ќе биде лансирано PRODUCT(RED) издание на iPhone 8 и 8 Plus. Овие вести ги потврди и Mark Gurman, па нешто сигурно се подготвува. Но, што ќе биде со iPhone X.

Во MacRumors дојдоа до меморандум на Virgin Mobile, американскиот давател на мобилни услуги, кој содржи информации за новиот iPhone во PRODUCT(RED) издание. Овој уред денеска ќе биде воведен во инвентарниот систем на Virgin Mobile. Се надеваме дека Apple наскоро ќе го претстави овој производ – можеби дури и оваа недела.

Според меморандумот, најпрвин се очекува период за преднарачки. Претпоставуваме дека уредот се уште не е достапен, но дека ќе има залихи по лансирањето, и дека Apple најпрвин сака да види колкав е интересот на корисниците. Информациите на Twitter ги потврди и Mark Gurman, па се чини дека бројот на членовите на PRODUCT(RED) семејството навистина ќе се прошири.

Apple минатата година во ова време прв пат го претстави својот PRODUCT(RED) iPhone. Се работеше за навистина посебен настан, бидејќи тоа беше прв пат нова боја да биде претставена шест месеци по лансирањето на производот. Со оглед на тоа дека истата работоа ќе се повтори и оваа година, се чини дека резултатите биле позитивни. Новата боја би можела да биде одличен поттик за зголемување на продажбата. И други извори потврдуваат дека лансирањето се очекува кон средината на април и тоа со цел на подобрување на резултатите на продажбата во вториот финансиски квартал.

Apple веќе некое време произведува посебни црвени уреди кои ја поддржуваат PRODUCT(RED) едицијата на Bono. Додека компанијата беше под водство на Jobs, иницијативата вбеше поддржана со лансирање на RED iPod, а соработката е продолжена и по неговата смрт, по што се лансирани многу PRODUCT(RED) верзии на различни уреди. Сега корисниците очигледно ќе можат да купат и црвен iPhone 8 и така да помогнат во борба против AIDS.

Меморандумот на Virgin Mobile не го споменува iPhone X RED и малку веројатно е дека Apple ќе ја загрози ексклузивноста на овој модел со нова боја. За сите заинтересирани за  PRODUCT(RED), на располагање ќе бидат  iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Само се надеваме дека овој пат уредите ќе имаат црна позадина наместо бела…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!