imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple целосно го исчисти Shazam


Едвај една година од преземањето, Apple одлучи да ги отстрани речиси сите услуги од трети страни кои не одговараат на долгорочните планови на компанијата.

Пред отприлика една година, Apple го купи Shazam, една од најпопуларните апликации за препознаавање на песни. Недолго по овој успешен деловен потфат ги изгасија сите реклами кои претходно се прикажуваа во беспплатната верзија. Меѓутоа, како ништо освен тоа да не е променето, барем не некое време.

Чистењето продолжи минатата недела кога беше објавена мала надградба на апликацијата Shazam на iOS, иако се споменуваат само поправјки на грешки и унапредувања на перформансите. Меѓутоа, се испостави дека Apple ги отстранил речиси сите SDK од трети страни, кои ги употребувала апликацијата.

Тоа со ред се: AdMob, Bolts, DoubleClick, Facebook Ads, Facebook Analytics, Facebook Login, Inmobi, IAS, Moat i Mopub. По надградбата, остана само HockeyApp SDK на Microsoft, иако се уште не најдовме објаснување зошто баш тој е поштеден. Во верзијата за Android уредите нема никакви промени.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.