imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Apple Design Awards 2017: победници


Вообичаената презентација не беше единствената работа што се случи на првиот ден на WWDC. Компанијата исто така го објави Apple Design Awards, награди за најинвентивните и најубави апликации селектирани од Apple. Еве ги победниците за 2017!

Blackbox

Ова е итра логичка игра која ќе бе натера да мислите. Во овој случај, земете го мотото „Мисли подалеку од рамките” буквално колку што можете. Ќе добиете различни видови сложувалки кои морате да ги решите без да го допрете екранот. Оваа игра е воодушевувачки креативна и фрустрирачка во исто време. Гледате само обоена фигура со малечки квадратчиња кои морате да ги вклучите. Начинот на кој тоа го правите е интересниот дел. Ќе го тресете, вртите, преколнувате својот телефон нешто да се случи. Многу паметна игра, и исто така прекрасна. Корисниците се поздравени со минималистички, чист, но софистициран кориснички интерфејс, а сето тоа е бесплатно.

Splitter Critters

Оваа забавна аркадна игра сложувалка создадена од канадскиот тим е прилично слатка и исто така е за сите генерации. Се од креативен дизајн кој личи на искината хартија, итри механики на играта, но дури и единствени звучни ефекти, сето тоа настојува да им обезбеди на корисниците да имаат незаборавно искуство.

Mushroom 11

Mushroom 11 е убаво дизајнирана, динамична и чудна игра базирана на Unity која ви дава најинтензивно искуство, носејќи ги карактеристиките од стратешките, puzzle и акциски жанрови. Ќе морате да поминете низ рачно насликаните површини налик на Месечина со вонземски животни облици кои постојано учат и се развиваат, додека сите видови пречки ви го отежнуваат постигнувањето на целта.

Old Man’s Journey

Оваа игра што ја создаде австрискиот тим се однесува на идеите не помали од животот, губитокот и самата надеж. Според тоа, можете да следите старец низ многу емотивен наратив и прекрасни, но живи пејзажи. Рачно работениот дизајн е неверојатен и можете да видите колкав акцент програмерите ставиле на тоа. Ви препорачуваме оваа игра да ја играте на iPad.

Severed

Ќе морате да го вратите едноракиот борец, Саша назад до неговото семејство во оваа авантуристичка игра која буквално е авантура. Играта со живописни бои и психоделична атмосфера е развиена од тим од Торонто, чија работа многу пати е наградувана. Severed е исто така наградена како iPad игра на годината, минатата година на Design Awards. За да ја прослават победата, програмерите објавија попуст од 50 проценти.

Lake

Ова во основа е прилично добра апликација за боење чија главна цел е да го намали стресот, за да може да биде забавна за сите генерации. Убави бои, неверојатна графика – ништо повеќе не е потребно за награда. И сето тоа – бесплатно.

Bear

Оваа апликација е прилично едноставна апликација за бележење податоци. Знае се што е важно, но најдобра работа во врска со неа е нејзината едноставност. Нема ленти за уредување и други бескорисни работи, само основите. Сепак, се уште можете со леснотија да го обликувате текстот и да го поделите ако сакате. Она што би можело да биде знак колку е одлична оваа апликација е тоа што во 2016 година и беше доделена награда за iPhone апликација на годината. Италијанските програмери ја нудат својата работа бесплатно за iOS и macOS.

Kitchen Stories

Што ќе се случи кога две млади домаќинки решаваат да создаваат апликации? Наградувана апликација за рецепти која има за цел да им помогне на сите да готват вкусни јадења дома. Бројни фотографии, видеозаписи и описи ги чекаат заинтересираните корисници во оваа убава апликација, која исто така има поддршка за Apple TV и Apple Watch.

Things 3

Design Awards или не, Things беше поприлично популарна To Do апликација дури и пред тоа. Оваа потполно реосмислена трета верзија очигледно има многу нови опции, освен почистиот кориснични интерфејс. Единствената негативна работа е цената, иако за возврат добивате многу добра апликација за која дури и Apple вели дека е суштината на личните „To Dо’ апликации.

Elk

Волци од Wall Street, главата горе! Еве инвентивна апликазија за размена на валути која оваа година освои Design Awards награда. Elk знае повеќе од 150 валути, и изгледа прилично софистицирано. Уште повеќе, има апликација за Apple Watch. Ако ви е потребна апликација како оваа, секако испробајте ја Elk, која сега е бесплатна.

Enlight

Има ли некој кој не знае за Enlight? Тоа е најпопуларната апликација за уредување слики: нема функција која ја нема во оваа апликација и има мноштво опции кои претходно беа достапни само во софтверот за десктоп компјутерите.

AirMail 3

За да заокружиме се, еве апликација за испраќање пошта. Знаеме, веќе многу такви апликации се наоѓаат во App Store, но Apple мисли дека ова е подобра од било која друга во категоријата со својот дизајн од три степени, интерактивни паметни функции и брзината. Нема аргументи против тоа, испробајте ја ако сакате. Тоа можете да го направите и на Mac и на iOS.

Годинашниот  WWDC имаше многу изненадувања освен Design Awards. Можете да прочитате повеќе за тоа овде, ако тоа веќе не сте го направиле.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.