imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple ги нагласува придобивките од претплатата


Компанијата тоа го прави експлицитно и има бројни реклами кампањи посветени на овој начин на плаќање околу кој се кршат копјата. Што мислите вие?

На страницата на Apple, Developer Insight, објавено е видео во кое многу програмери објаснуваат за што е се корисна месечната претплата. Помеѓу нив се авторите на Elevate, Dropbox, Calm и Bubble. Тоа се лица на кои би им верувале.

Барем ако сте и самиот програмер.

Ситуацијата е поинаква од перспективата на корисниците. Кога би ги прашале нив, поголем дел од нив услугата би ја платиле еднаш – дури и по повисока цена – отколку месечно да плаќаат повеќе претплати.

Погледнете го видеото на страницата Apple Developer Insight.

Помеѓу останатото, програмерите ги наведуваат следните предности на месечната претплата:

  • Купувате нешто што редовно се надградува, услуга која е динамична, а не статична.
  • Треба да направите подобра апликација за корисникот да верува дека навистина се исплати да ја купи.
  • Треба да ја заработите довербата на корисниците од месец во месец, што е одлична мотивација.

И така натаму. Не велам дека не се во право, но и апликациите кои се купуваат еднократно можат редовно да се надградуваат и не би требало да бидат статични. Од друга страна, нема гаранција дека услугите со месечна претплата редовно ја обновуваат својата содржина – и тие можат со години да нудат исти работи, без нималку напредок или промена.

Меѓутоа, факт е дека програмерите мораат да се борат за своите корисници на секојдневно ниво. Всушност, секогаш има корисници кои не ја користат услугата, но и натаму се претплатени на неа бидејќи постапката на поништување на претплатата понекогаш е сложена, односно подразбира повеќе чекори и време од самата претплата. На тој начин, програмерите можат да заработат повеќе пари за помалку труд. Исто така, истражувањата покажуваат дека поголем дел од корисниците не може точно да проценат колку месечно трошат на претплати – поголем дел од нив сметаат дека трошат помалку од реалната сума.

И покрај се, Apple упорно лобира за системи врз основа на месечни претплати. Неодамна протече документ според кој компанијата на состанок во 2017. година пробала да наговори многу програмери да воведат претплати за своите апликации. Очигледно уште тогаш го предвиделе падот на пазарот на платени апликации.

И двете страни имаат цврсти аргументи. На која вие и припаѓате?

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.