imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple Glass би можел да го прикажува она што го гледаме


Одобрен е уште еден патент врзан со Apple Glass, очилата за проширена реалност кои можеби ни пристигнуваат. Имено, би било овозможено очилата да препознаваат што точно гледаме.

Неодамна ви ја претставивме апликацијата Wikipedia за Apple Watch, која овозможува да  отворите текстови на Wikipedia врзани за работите кои ве опкружуваат, на пример градби, места, луѓе и слично. Тоа е одличен начин да го импресионирате некого со своето енциклопедиско знаење.

Кога Apple Glass ќе биде подготвен за лансирање, ќе ја има истата оваа функција, само поелегантна и повеќе во стилот на научно-фантастичните филмови. Неодамна е одобрен и објавен патент кој би и овозможил на компанијата во очилата да вгради функција која ќе овозможи да научите за се што го гледате.

Патентот содржи различни методи кои би овозможиле вградениот екран (секако дека Apple Glass не се споменува по име, но јасно ни е за што се работи) прикажува информации за работите кои не интересираат и кои ни се во досег на погледот.

Корисниците би можеле да дознаат повеќе за таквите предмети, и со рака да покажат што ги интересира. Предната камера на уредот (која би требало да има совршен сензор на длабочина) би можела да го одработи тој гест и да прикаже помалку или повеќе информации за бараниот предмет. Не знаеме како тие дополнителни информации ќе се прикажуваат, но претпоставка е дека нема да бидат наметливи и дека нема да го попречуваат погледот.

Што се однесува до очилата на Apple за проширена реалност, имаме малку информации, најмногу од Gurman, кој нивното лансирање го најави најрано за 2021. година. Би имале сопствен оперативен систем поврзан со iPhone. И сигурно нема да бидат виртуелни.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.