imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple го прекина развојот на AirPower


Сите кои беа скептични во врска со иновативниот безжичен полнач беа во право. Овој уред не можеше да ги задоволи високите критериуми на Apple, па целиот проект е прекинат.

Во септември 2017. година, Apple го најави безжичниот сталак за полнење кој истовремено би можел да полни повеќе уреди. Иако не се работи за револуционерна идеја, иако слични уреди веќе постојат, Apple отиде чекор понатаму и најави дека нивниот полнач паметно ќе го препознае секој уред што ќе го ставите на него и дека полнењето би можело да биде можно секогаш и насекаде.

Од тогаш поминаа две и пол години, а сите и натаму чекаме. Корисниците и натаму беа ентузијаастични, а сите не израдува веста дека уредот конечно ќе биде лансиран овој април. Се појави и фотографија од AirPower на интернет страницата на Apple Австралија, а неодамна ланираната нова генерација пристигнува со совет дека слушалките најдобро се полнат на AirPower.

По сето тоа, изјавата на Dan Ricciо, вишиот потпретседател за хардверски инженеринг, која ја даде за TechCrunch, сите не шокираше:

По многу вложен труд, заклучивме дека AirPower не може да ги задоволи нашите високи стандарди, поради што моравме да го сопреме проектот. Им се извинуваме на сите корисници кои се радуваа на ова лансирање. И натаму веруваме дека иднината е безжична и  насочени сме кон понатамошниот развој на безжичното искуство.

Од самиот почеток, под знак прашање беше дали реализација на AirPower е навистина можна. Многу инженери тврдеа дека сегашната технологија не е доволно развиена за создавање на тој уред. Знаеме дека планираа да вградат помали полначи во уредот, за во одредени ситуации да работат само некои. Главниот проблем беше во прегревањето, што оневозможуваше уредот долгорочно да работи.

Со претставување на уред кој не беше довршен, Apple сигурно ги доведе своите инженери во многу стресна ситуација. Знаеме дека Apple во минатото направи многу револуционерни работи. Но, не и сега. Развојот на хардвер е тешка работа. Тоа сега го гледаме и на примерот на вака голема компанија. Сепак, Apple досега успешно излегуваше од вакви незгодни ситуации, па веруваме дека иднината донесува нешто подобро.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.