imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple го реши проблемот со напојувањето на неколку нови iPhone уреди


И тоа со втората бета на iOS 12.1. Сите докази укажуваат на тоа дека во позадина на тековниот „скандал”, таканаречен #charginggate, се наоѓаа софтверски проблеми. Случајот е решен, можете повторно да живеете среќно.

Како што можевте да претпоставите, Apple со брзина на светлината ги поправи проблемите со полнењето на неколкуте новите iPhone уреди. И тоа со новата објавена бета верзија на iOS 12.1. Но, најважниот аспект е:

Проблемот не беше во хардверот, туку во софтверот.

И тоа е најдоброто сценарио кое можеше да се случи. Не би требало да ги повлечат тие iPhone уреди. Иако Apple не ги коментираше неодамнешните настани, а листата на промени во бета верзијата не го споменува полнењето, прилично сме сигурни дека проблемот е решен.

Неодамна известивме за различните нови iPhone XS и iPhone XS Max кои имаа неколку проблеми со напојувањето. Во поголем дел од случаите, проблемот се појавува кога корисниците ги приклучуваат своите уреди на полнач со заклучен екран, а полнењето не почнува додека екранот не се отклучи. Во некои случаи проблемите беа потешки.

Очигледно, случајот се прошири на интернет како пожар, вестите кои велат дека „нешто не е во ред со iPhone од 1500 долари” имаат поголема популарност од било што друго. Тоа е тоа. Charging-gate е решен.

Се очекува јавната верзија на iOS 12.1 да биде лансирана некаде кон крајот на октомври. Но, поверојатно е дека Apple ќе ги извести корисниците за надградбата со поправка многу порано од тоа.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.