imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple го слави Месецот на срцето


На кружна маса Apple го објави своето релевантно истражување кое го создадоа со учество на 400.000 корисници.

Tim Cook му соопшти на Jim Cramer од Mad Money дека кога во далечна иднина би го прашале за тоа што е најголемиот придонес на Apple во еволуцијата на човештвото, неговиот одговор би бил нешто поврзано со здравјето.

Сега кога компанијата го слави американскиот Месец на срцето, организираа настан во продавницата на Apple во Сан Франциско. На панелот, членовите на здравествениот оддел на Apple споделија неколку интересни факти за себе и проектот кој стана исклучително важен.

Apple кон крајот на 2017. година ја покрена својата програма Heart Study во која учествуваа 400.000 корисници. Програмата требаше да открие дали може часовникот да ги препознае симптомите на атриска фибрилација, која е предвесник на срцев удар. Тоа е подрачје кое медицината се уште не го откила во целост, а изработката на долгорочна студија во која учествуваат толку луѓе со моментно достапни системи се уште не е можна. А оваа болест е вистински убиец: само во САД, таа предизвикува повеќе од 130.000 смртни случаи годишно.

Apple ќе ги објави резултатите на своето истражување на 16. март. Да се надеваме дека дошле до позитивни резултати, кои можат да и послужат на медицината, и би можеле да бидат инспирација за лансирање на слични програми низ светот.

Во доба на скандали врзани со податоци и приватност, добро е да се знае дека собирањето на податоци може да се случи во добри цели и дека Apple Watch навистина може да спаси животи, воглавно кога софтверите ќе бидат еднакво развиени како и хардверите (како EKG).

Исто така, изјавија дека колегите на Apple обично ги чуваат повратните информации и писма од корисниците, кои се наменети за Tim Cook и дека токму тоа ги мотивира.

Извор: CNBC

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.