imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple и натаму е највреден бренд


Според различните аналитичари, Apple вреди повеќе од 200 милијарди долари. Меѓутоа, ниту еден од џиновите на технологијата не може да се пожали.

Interbrand го објави својот годишен извештај, оваа година по 19. пат. Се работи за моќта на  најголемите брендови во светот и нивната вредност на подолги патеки. Постојат три клучни делови на анализата, која ја сочинуваат основата на методот на вреднување на Interbrand:

  • Финансискиот перформанс на брендираните производи или услуги.
  • Улогата која ја игра брендот за одлуките за купување.
  • Компетитивната сила на брендот и неговата способност да обезбеди лојалност, и со самото тоа, одржлива побарувачка и профит во иднина.

Преминувајќи ја границата од 200 милијарди долари, Apple го зазема првото место, шести пат по ред. Земајќи ги во обзир најскорешните финансиски резултати на компанијата, како и втората и третата точка од листата погоре, и не можеме да бидеме изненадени. Сепак, овој раст од 16 проценти изгледа огромно, кога ќе се спореди со резултатите од минатата година.

Не не чуди дека Google е веднаш зад Apple, на второто место, со својот пораст од 10 одсто. Но, фактот дека Amazon заврши на третото место е доста интересен. Jeff Bezos со тоа постигна раст на вредноста на брендот од дури 56 проценти, што е една од најголемите промени на листата. Netflix (+45%) и Gucci (+30%), исто така, доста пораснаа.

Ова е топ 10:

На полето на топ 100 брендови, автомобилската индустрија ја претставуваат 16 членови, додека за технологијата учествуваат 13 џинови. Вкупната вредност на сите 100 компании надминува 2000 милијарди долари, што значи и раст од 7,7 проценти во однос на минатогодишните резултати. Овие броеви се толку големи, што за сите нас се незамисливи.

Извор: Interbrand

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.