imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple ја премина незамисливата граница од 1000 милијарди долари


Успеаја да го постигнат она што го предвидоа минатата година: Apple стана прва компанија со пазарна капитализација од 1 трилион долари во САД.

1 000 000 000 000 долари. Толку вкупно вредат акциите на Apple на берзата, односно толкава е пазарната капитализација на компанијата. Овој факт не влијае на нашите секојдневни животи, бидејќи Apple остана истата компанија како и вчера, како пред два месеца или пак пред две години, кога не ни сонуваа дека би можеле да надминат 1000 милијарди долари.

Се зборуваше дека Apple е прва компанија која ја преминала вредноста од еден милион долари, но тоа не е вистина. Кинескиот нафтен гигант PetroChina ја достигна оваа точка уште во 2007. година, што влезе на берзата. Но, потоа во 2008. се случи кризата и успеаја да го остварат најголемиот пад на вредноста во историјата. До крајот на 2008. година, нивната вкупна пазарна вредност беше околу четвртина од онаа од најдобрите денови.

Се чини дека на Apple не му се заканува ниту еден од овие фатални фактори, но може да се случи да им опадне вредноста, бидејќи стапките се наклонети кон флуктуација. Магичната граница ја преминаа вчера во 16.48 ч. CET, со стапка од 207,05 долари по APPL. Во моментот на пишување на овој текст (утро, 3. август 2018) вредноста им порасна на 207,39 долари, што значи дека рекордот се уште е актуелен.

Меѓутоа, по најуспешниот Q3 извештај досега, веројатно е дека ќе ја задржат капитализацијата преку 1000 милијарди долри. Но, не можеме со сигурност да кажеме дека ќе бидат во тој златен врв, бидејќи Amazon многу брзо ги стигнува,

Се на се, финансиските резултати на Apple се и повеќе од извонредни, па челните луѓе можат слободно да отворат шампањско.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.