imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple најави голем број нови услуги


На вечерашната Keynote презентација дознавме се за новите услуги на Apple. Списанија на претплата, сопствени ТВ серии, дури и сопствена кредитна картичка.

Вечерашната Keynote презентација беше прилично поинаква од досегашните. По минатонеделната серија изненадувања и новите iPad mini, iPad Air, iMac и новата генерација AirPods, сите вечерва знаевме дека нема да има место за хардвер, а тоа го нагласи дури и Tim Cook во воведот: се ќе биде посветено само на новите услуги.

Директорот на Apple нагласи дека силата на Apple е тоа што најдобро на светот може да управува со триумвиратот хардвер – софтвер – услуги. Тоа е, признаваме, тешко да се негира. Баш како што едноставното користење, обрнувањето внимание на детали и безбедноста и приватноста отсекогаш имале важна улога во делувањето на компанијата.

Потоа, цели два часа слушавме се за најновите услуги. Некои ги очекувавме, но некои целосно не изненадија. Но, да тргнеме по ред.

Apple News+

Apple News+ е првата услуга која вечерва ја претстави Apple. Бидејќи на интернет кружеа бројни гласини дека Apple не успева да постигне договор со американските дневни весници, сите се прашуваа што компанијата од Купертино ќе ни подготви. Одговор: списанија. Тоа се Times, National Geographic, The New Yorker, Vogue, Fortune и Rolling Stones – навистина позитивно шаренолико друштво. Од големите весници присутни се Los Angeles Times и Wall Street Journal.

Се работи за навистина вкусно решение, со анимирани насловни страници и квалитетни колекции. Тоа е нешто што би можело да ги привлече љубителуте на списанија, и што одлично изгледа на iPhone и iPad. Сето тоа може да се купи за месечна претплата од 9,99 долари, а поддржано е и Делење со семејството, како и во случајот на Apple Music. Навистина одлична услуга… за Американците. Оваа тема често ќе се провлекува низ овој текст: од денеска достапно во САД и Канада, а во Австралија и Велика Британија стигнува наесен. За жал, немаме никакви информации за тоа кога (и ако воопшто) оваа услуга ќе стане достапна во другите држави.

Apple Card

На оваа услуга и беше посветено малку време. Врз основа на успешноста на Apple Pay, Apple сега претстави сопствена кредитна картичка. Се работи за иновативно решение, со дневни плаќања, интерфејс посветен на купувачите, интеграција на апликацијата Wallet и исклучително високата заштитеност на информациите. Goldman Sach ќе ја преземе улогата на одговорна банка, и – секако – ние во тоа се уште нема да уживаме. Сепак, тука и натаму е Revolut, кој сега ќе загуби доста корисници во Америка, но се надеваме дека затоа дополнително ќе се насочи на Европа.

Apple Arcade

Игрите во App Store досега не беа непопуларни: за околу 300.000 од нив во понудата, има дури милијарда корисници. Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу бесплатните и платените игри, а овие вторите тешко остануваат конкурентни.

Сепак, мораме да истакнеме дека Apple најави и сосема нова услуга, која е слично на нешто што веќе го имавме: со претплата на Apple Arcade можете да имате пристап до целосните верзии и надградби на повеќе од 100 игри без ограничување, и сето тоа без реклами и купувања во рамки на апликацијата. Врз основа на воведот, се работи за ексклузивни игри од App Store, кои ќе бидат достапни на сите платформи. Значи, ќе можат да се играат на iPhone, iPad, Mac и Apple TV-u, и во мрежа и вон неа. И тука ја имаме поддршката за Family Sharing, а родителите ќе можат да контролираат колку време децата ќе им поминуваат на некоја игра.

А сега еве одлични вести: оваа услуга ќе биде достапна во 150 држави, НО се уште не знаеме точно во кои. Лоши вести: услугата стигнува дури наесен, а цената се уште е непозната. Лично сметам дека не би требало да очекуваме врвни игри, туку оние просечните од App Store, но сигурно ќе се најдат и квалитетни наслови. Ви секој случај, ова е нешто за што треба да се радуваме. Само штета што баш неодамна одличив да ги намалам своите 25 часа дневно за iOS игри…

Apple TV+

Следен на ред беше Apple TV, најпрвин со гледањето телевизија во Америка, а потоа со купувањата на барање. Нема да влегуваме во детали, следува само најважното.

Компанијата конечно се охрабри и ја најави Apple TV апликацијата, која ќе биде достапна на најпознатите паметни телевизори на .Samsung, LG и Sony, а ќе може да се користи дури и со Roku и Amazon Fire TV. Уште повеќе, ќе пристигне дури и во рамките на Mac екосистемот.

И сега стигнува она што толку долго го чекавме во светот на телевизијата. Се чини дека Apple ќе влезе на пазарот на ТВ услуги на барање со сопствени емисии, и тоа малку пред Disney. Сигурно претпоставувате како се вика новата услуга – здраво Apple TV+!

Накратко, еве што всушност беше претставено на вечерашниот Keynote: Apple ќе се посвети на создавање на сопствени ТВ емисии за услугата Apple TV+. Наместо преку слајдови, за се бевме информирани преку анегдоти, кои ни ги раскажаа актерите и актерките. Па така, можевме да уживаме во следните сцени:

  • Steven Spielberg излезе на сцената и вети воскреснување на 93-годишниот вренд. Малку подоцна, Jennifer Aniston, Reese Witherspoon i Steve Carell ја рекламираа својата нова утринска емисија „Morning Show“.
  • Потоа Jason Mamoa и Alfred Woodard опишаа како ќе не воведат во светот во кој луѓето останале без вид како последица на голема катастрофа.
  • Потоа сцената ја презема комичаротKumail Nanjiani и ја претстави својата нова емисија „Little America.“
  • По него уживавме во Big Bird од популарната серија Sesame Street, кој арзговараше со втората крпена кукла и откри дека заедно ќе ги подучуваат децата на програмирање на Apple TV.
  • J.J. Abrams i Sara Bareilles оставија малку поблед впечаток. Откако Bareillas на клавир отсвире тематска песна, на сцената – конечно – излезе и Tim Cook и ја претстави…
  • Oprah Winfey. Најпопуларната водителка во САД (можеби и на светот) ќе добие свое место на Apple TV, а ќе се занимава со својот неверојатно популарен книжевен клуб. Тоа сигурно ќе привлече маси и маси.

Оваа услуга ќе биде достапна во повеќе од 100 држави, па можеме да претпоставиме дека и ние ќе можеме да уживаме во неа. Меѓутоа, ни од тоа ништо пред есента, а цената се уште е голема непознаница.

Така и заврши прзенетацијата. Ова беше прилично поинакво искуство од она на што сме навикнати, а беа претставени многу до половина довршени проекти. Истовремено, не можеме да негираме дека беше интересно. Само што овој пат немаше „One more thing” – како што рековме, хардверите беа објавени минатата недела.

Покрај сето споменато, дознавме дека не чека и нова опција за претплата на игрите на нашите телефони, за која мислам дека ќе биде кул. Можеме да очекуваме и конкуренција на Netflix и HBO Go, која сигурно ќе има многу гледачи. Исто така, да не заборавиме дека во јуни не чека WWDC со уште нови најави, кои веројатно ќе бидат потрадиционални, во смисол дека ќе бидат повеќе поврзани со Apple. Бидејќи, да бидеме искрени, овој Keynote малку се помести од она што инаку го врзуваме со Apple. Следете не за да дознаете повеќе!

Паралелно со завршувањето на презентацијата, Apple ги објави и најновите верзии на софтвер, OS 12.2, macOS 10.14.4, tvOS 12.2 и watchOS 5.2.

 

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.