imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple нема така лесно да го зголеми траењето на батеријата на iPhone


Во случај компанијата да се префрли на нешто помодерна технологија на екранот, би можеле да го продолжат векот на траење на батеријата без менување на физичките параметри на телефонот.

Една од најголемите слабости на модерните паметни телефони е многу ограниченото траење на батеријата. Полека, но сигурно ги преземаат и извршуваат вашите задачи наместо вас, но батеријата едвај да издржува повеќе од еден ден. Прилично фрустрирачки.

Додека чекаме револуционерно откритие кое ќе се однесува на технологијата на батериите, нема друго туку да ја намалиме потрошувачката на енергијата на постоечките компоненти. Никакво изненадување, но еден од најголемите потрошувачи на енергијата е екранот. Иако OLED технологијата помага со тоа, би можеле да добиеме дополнителни 5-15 проценти батерија со помодерна компонента.

Интересно е дека решението не го пронаоѓаме во самиот OLED екран, туку во позадинската плоча која е одговорна за пикселите. Таканаречениот backplane всушност е одговорен за многу работи: ги вклучува и исклучува индивидуалните пиксели, ја одредува резолуцијата на екранот, стапката на освежување и потрошувачката на енергијата.

OLED екраните моментно користат LTPS TFT backplane, што е кратенка за нискотемпературни полисиликонски транзистори со тенок филм. Според IHS Markit, Apple би можел да се префрли на LTPO TFT backplane, што е кратенка за нискотемпературни поликристални оксидни транзистори со тенок филм.

Па, не би се охрабрил да го објаснувам секое “зошто” кое се однесува на овој проблем, но работата е во тоа што со оваа едноставна замена, Apple би можел да достигне +5-15% подолг век на траење на батеријата на секој уред што користи OLED технологија, а тоа засега се Apple Watch и iPhone X, но претходно или подоцна листата дефинитивно ќе биде проширена.

Искрено, +5-15% батерија и не толку многу, но понекогаш токму тоа е она што ни е потребно на крајот на денот. Да, би требало да пристигне. Колку што е можно побрзо.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.