imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple оствари аквизиција во Европа вредна 600 милиони долари


Компанијата од Купертино, исто така, презема и 300 инженери од битен снабдувач.

Производството на сопствени процесори е битен дел од стратегијата на Apple за иднината. На овој начин ќе бидат во можност да произведуваат побрзи и поефикасни чипови, по кои нивните хардвери ќе се разликуваат од останатите членови на пазарот. Да се сетиме само на првиот 7-нанометарски A12 Bionic чип, кој ги победува сите конкуренти.

Сега направија голем чекор во тој правец: вложија 600 милиони долари во купувањето на дел од Dial Semiconductor. Поточно, за купување потрошија „само” 300 милиони долари, но го искористија правото за прво купување, што чинеше уште 300 милиони долари. Ова го прави актуелниот договор најголемо вложување на тимот на Tim Cook досега

Уште едне важен аспект на оваа приказна е и вработувањето на 300 работници на Dial како дел од самата аквизиција. Со други зборови, Apple купи готов инженерски тим, кој сочинува 16 проценти од работната сила на Dial.

Куперино веќе долго време соработува со овој европски производител на процесори. Нововработените инженери работат во Италија, Велика Британија, Швајцарија и Германија. Во некои случаи Apple само ќе го замени логото на зградата, но дел од новите работници ќе се приклучат на екипите работници на Apple.

Се чини дека ваквите трансакции воппшто не им се важни на обичните корисници. Меѓутоа, се работи за важни вести, бидејќи овој потег би можел да резултира со побрз развој на компонентите и посигурни залихи на производите.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.