imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple полека го убива првиот Retina MacBook Pro


Пред околу 6 години, на 11. јуни, 2012. година, Apple го претстави првиот Retina MacBook Pro на тогашниот WWDC. Сите беа импресионирани од неверојатно тенкиот модел и дефинитивно сакаа да го купат.

Моделот беше популарен меѓу луѓето, на пример еден од најпознатите програмери, како што е Marco Arment, CTO на Tumblr го нарече “најдобриот лаптоп што некогаш бил направен”. Неговата функционалност и преносливост денес не се ништо посебно, иако во тоа време беа многу напредни.

“Претставен во 2012 година, помалку од една година по смртта на Steve Jobs, го гледам како врв на визијата на Jobs за Mac,” – истакна Arment на својот блог минатата година.

Моделот претставен во 2012 година имаше многу предности во споредба со претходните модели: беше потенок, а да не зборуваме дека тоа беше првиот MacBook Pro со Retina дисплеј. Во исто време, во споредба со денешните модели, може да обезбеди повеќе можности за поврзување, вклучувајќи и по два Thunderbolt и USB-A влезови, HDMI порт, SD картичка. Но, всушност е тешко да се замисли во денешно време.

За жал, имаме лоши вести за оние чиј омилен Apple модел е Retina MacBook Pro. Отсега натаму, Apple официјално го смета моделот што беше претставен пред 6 години, како застарен. Ова е како пензионирање, но без пензија. Знаете, животот не е секогаш фер.

Попрецизно, ова значи дека Apple и овластените провајдери на услуги на Apple веќе не се обврзани да обезбедуваат хардверски сервис и делови за замена за овој модел. Се разбира, како и секогаш постојат исклучоци, на пример во државата Калифорнија и Турција. Тимот за поддршка на Apple континуирано ќе одговара на прашањата поврзани со MacOS, и ќе им даде помош за било која сметка.

Знаеме дека компанијата секогаш ја ажурира својата производна линија и ги избира застарените модели, но се уште е тешко да се прифати дека времето тивко го уби нашиот сакан Retina MacBook Pro… Кој ќе биде следната жртва?

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!