imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple претстави професионален монитор и нов Mac Pro


Apple не изненадува во поглед на моќни машини кои долго не добиле надградба. Перформансите и цените не оставаат без здив. Дами и господа, еве ги најубавите и најмоќни машини на светот.

Како што се очекуваше, Apple на WWDC презентацијата претстави новMac Pro и сопствен 6K ретина екран. Новиот Mac Pro е со целосно поинаков дизајн од оној кој го гледавме во последните шест години: се вративме на претходното ренде. Да, звучи блесаво, но ако ги погледнете тие префинето обликувани отвори, кои наводно создаваат двојна површина и овозможуваат подобра вентилација, јасно ви е за што зборувам. Нашиот колега сликата од новиот Mac веќе ја стави како wallpaper позадина. Сепак, на некои овој нов изгледа сигурно нема да им се допаѓа, но ние сме воодушевени.

При дизајнирањето на новиот Mac Pro, инженерите на Apple им се посветија на перформансите без компромиси и успеаја да дизајнираат врвен нов прототип на моќен уред.

Процесорот би можел да биде Intel Xeon, со дури до 28 јадра, 1,5 TB системска меморија, и многу други спецификации кои дури треба да ни легнат. Резултат: Mac Pro би требало да може да прикажува до три 8K видеа во raw формат или 12 видеа со 4K резолуција. Секако, очигледно оваа машина не е наменета за снимање на смешни видеа на роденденските забави.

Добра вест е дека ќе биде можно да се купи компјутерот со основна конфигурација, па подоцна  да се надградува.

Сепак, поголемите уреди треба да очекуваат и поголеми сметки за струја. Имено, новиот Mac Pro ќе има извор на енергија со сила 1,4 kW. Плус е што ќе може да се купи со додаток за пренесување и дури 12 тркалца за полесно лизгање на уредот низ канцеларијата.

Професионален „куќен” монитор

Исто така, знаевме дека Apple ќе им се врати на сопствените монитори и дека не очекува 6K ремек-дело. Меѓутоа, успеаја уште попријатно да не изненадат:

  • 32-инчен 6K Ретина екран со 6016×3384 пиксели и 10-битна длабочина на бои.
  • Светлина од 1000 нита.
  • Контраст од 1000000:1.
  • 20 пати подобар агол на гледање отколку кај просечниот LCD екран.

Овој екран именуван Pro Display XDR, со дизајнот совршено му одговара на новиот Mac Pro. И секако, на задната страна ги има истите футуристички отвори, кои придонесуваат за ладење. Овој уред првенствено е наменет за врвните професионални фотографии и сниматели. Можно е да се поврзат дури шест монитори на еден Mac Pro, а уредот овозможува истовремено да се прикажат до 120 милиони пиксели.

Вистина се работи за уреди кои го одземаат здивот, а во наредните денови ќе извршуваме бројни тестови на нив и за сето тоа ќе ве известуваме.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.