imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple Watch може да препознае рани знаци на дијабетес


Паметниот часовник на Apple се уште не е препознаен како медицински уред. Меѓутоа, според неодамнешното истражување, апликацијата Cardiogram сега може да препознае рани знаци на дијабетес со прецизност од 85 проценти.

Apple Watch е водечки уред на пазарот на паметни часовници – аналитичарите дури и тврдат дека успеал да ја надмине швајцарската индустрија на часовници. Но, тоа се само нагаѓања, а не потврдени факти. Сепак, јасно е дека се поголем број купувачи го избираат токму Apple Watch и дека тоа повеќе не е само додаток, туку уред кој помага во водење на поздрав живот.

Паметниот часовник на Apple е способен за разни задачи. Идеално друштво е како за оние кои сакаат да вежбаат, така и за оние кои сакаат да водат грижа за своето кардиоваскуларно здравје и да ги надзираат своите секојдневни активности.

Според истражувањето кое го спроведоа програмерите на апликацијата Cardiogram и Универзитетот во Сан Франциско, оваа апликација може да му помогне на Apple Watch да ги препознае раните симптоми на дијабетес, водечка болест на денешницата. Резултатите покажаа дека 463 од вкупно 14.000 испитаници во истражувањето имаат дијабетес, кој претходно не им бил дијагностициран.

Сите се прашуваат како уредот способен само за мерење на отчукувања на срцето може да дијагностицира дијабетес. Одговорот ни го даде Johnson Hsieh:

Вашето срце е поврзано со вашиот панкреас преку автономен нервен систем. Како што луѓето почнуваат да заболуваат од дијабетес, варијабилитетот на нивната срцева активност почнува да се менува. Во истражувањето Framingham Heart Study од 2015. година е утврдено дека високиот пулс во состојба на мирување и варијабилитетот на нискиот пулс можат да го предвидат развојот на дијабетесот во рамки на период од 12. години. Во 2005. година, во истражувањето ARIC, откриено е дека варијабилитетот на срцева активност побрзо опаѓа кај дијабетичарите отколку кај лицата кои немаат дијабетес, во тек на период од девет години.

Врз основа на овие податоци, Cardiogram и универзитетот во Сан Франциско ја создадоа DeepHeart, невронска мрежа која бележи преку 200 милиони мерења. Исто така, заклучија дека Apple Watch и другите фитнес уреди можат да дијагностицираат дијабетес со прецизност од 85 проценти.

Апликацијата Cardiogram можете бесплатно да ја преземете во App Store.

Извор: App Advice

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!