imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple Watch со виртуелна круна?


Кога Apple го замени физичкото копче со виртуелнo кај iPhone 7, многу корисници имаа поинаков став во однос на тоа. Што ќе се случи ако компанијата го стори истото на Apple Watch? Постои веројатност за тоа…

Имавме две години да се навикнеме на тоа, но ако се сеќавате, беа поделени мислењата помеѓу корисниците кога беше воведена иновацијата на iPhone 7, која го замени физичкото Home копче со виртуелнo. Овој трик доаѓа од Taptic Engine кој е способен да стимулира таква софистицирана вибрација со која човековата сензација лесно може да се измами – стимулирање на притискање за време на кое “копчето” не се движи.

Fast Company известувa, повикувајќи се на “извор што директно ги познава плановите на Apple”, дека идниот Apple Watch, слично како iPhone 7 – или годинашниот модел или следната година – ќе дојде со “solid state копчиња кои не се движат нагоре и надолу, туку го чувствуваат допирот на прстот “. Основниот концепт е дека ќе има две копчиња на часовникот, но во виртуелна форма, пресвртот е само дека дигиталната круна ќе биде променета, со тоа што haptic feedback (повратната информација) ќе биде обезбедена од Taptic Engine.

Иновацијата не е само цел сама за себе, можеме да наброиме две практични предности од професионална страна. Прво, бидејќи на овој начин внатрешноста на часовникот ќе биде херметички запечатена, може да се постигне поголема отпорност на вода. Второ, на ова решение ќе му треба помалку простор, така што ќе има повеќе место за батеријата (во случај да не се одлучат да го направат уредот потенок). Со задоволство би ги прифатиле двете горенаведени промени, но во моментов лично ги претпочитам механичките копчиња од сегашниот Apple Watch.

Слично на iPhone, долгорочната цел би можела да биде следна: ослободување од копчињата засекогаш. По неколку генерации, веројатно ќе треба да се збогуваме и со виртуелните “копчиња”, а на нивното место би можеле да постават површина на целиот уред која е чувствителна на допир, која исто така ќе го заземе местото на моментната функција на копчињата .

Извор: Fool.com

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!