imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple Watch ја надмина целата индустрија на швајцарски часовници


Последниот квартал не беа само најдобрите три месеци за паметниот часовник на Apple, туку и година во која се соборени сите рекорди. Да не споменуваме дека, исто така, го надминаа целиот пазар на швајцарски часовници.

Сето тоа го дознавме од извештајот на познатата аналитичка компанија Canalys, бидејќи Apple се уште не пружи точни детали за продажбата на Apple Watch. Тој се уште се наоѓа во категоријата Останато заедно со Apple TV, AirPods и Beats уредите. Следниот пат, ќе им се придружи и HomePod. Меѓутоа, тоа не може да ги запре аналитичарите да дојдат до резултатите од пружените податоци си помош на другу методи. Ако се во право, неверојатни е што се постигна Apple Watch во 2017. година.

Според Canalys, продадоа 18 милиони уреди, што е огромен раст од 50 проценти во однос на минатогодишните 12 милиони. 48 отсто од овие 18 милиони уреди би можеле да бидат Series 3 модели кои се лансирани во септември, додека преостанатите 52 проценти биле Series 2 и постари модели. Околу 13 проценти корисници кои го купиле Series 3 го избрале LTE моделот. Причината зад тој релативно низок процент би можела да биде таа дека повици поддржуваат ограничен број даватели на услуги во ограничен број држави.

Дури и ако бројките не се точни во целост, би можеле да бидат приближни. Другите аналитички фирми, исто така, ги создадоа своите извештаи. Creative Strategies извести за 17,4 милиони, Asymco за 17,7 милиони продадени уреди. Се чини дека паметните часовници се тие кои можат да постигнат пораст на стагнирачкиот пазар на лаптопи, десктоп компјутери, таблет уреди и паметни телефони. A Apple, секако, го избра вистинскиот момент.

Баш како што рече аналитичарот на IDC, Francisco Jeronimo; во минатиот квартал можеа да надминат неверојатна граница: Apple продаде повеќе часовници од сите швајцарски производители на часовници заедно. Значи, Apple стана најголем продавач на часовници низ светот, што е возбудливо, бидејќи првата серија на Apple Watch уредите беше лансирана само пред три години.

Извор: MacRumors

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!