imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Apple Watch откри пад и спаси живот


67-годишен Норвежанец падна во купатило и остана без свест. За среќа, го носеше својот Apple Watch Series 4, кој автоматски ги извести итните служби.

Toralv Østvang, 67-годишен норвешки пензионер падна во купатило среде ноќ. Меѓутоа, се онесвести и при падот удри со главата. Се здоби со три фактури на лицето и почна да крвари. Бидејќи беше целосно сам во станот, никој не знае колку долго така би лежел, ниту некој би ја забележал несреќата и ги повика итните служби…

Сепак, имаше среќа, бидејќи го носеше својот Apple Watch Series 4, кој благодарение на функцијата Fall Detection го откри падот. Откако не реагираше на предупредувањето, Watch автоматски ги извести итните служби. Благодарение на тоа, најпрвин се одзва полицијата, а потоа и итната служба, и му го спасија животот на Toralv.

Неговата ќерка за норвешкиот NRK го изјави следното:

Можеше да биде многу полошо. Цело утро се прашуваме „Што би се случило да не го носеше паметниот часовник?”. Не го носеше телефонот во купатилото. Запрепастувачки е дека доби толку брза помош од алармот, се додека не го пронајде полицијата. Се работеше за сериозен пад, така што веројатно алармот му го спаси животот.

Напишавме неколку текстови за тоа како Apple Watch спасил животи. На пример, пред неколку недели пишувавме за слична приказна врзана за EKG функцијата. Меѓутоа, ова е прв пат да пишуваме за некој, кој за животот може да и заблагодари на функцијата Fall Detection.

Функцијата на откривање на пад автоматски им е овозможена на корисниците постарите од 65 години. За да ја активирате, отворете ја апликацијата Watch на вашиот iPhone, изберете “Emergency SOS” и активирајте откривање на пад. Ако сте сопственик на Apple Watch Series 4, фунцијата во целост функционира на следниот начин:

Ако Apple Watch открие дека не се движите приближно минута, ќе стартува одбројување во траење од 15 секунди, ќе почне да вибрира на вашиот зглоб и ќе го активира алармот. Алармот ќе станува се погласен за да го слушнете вие или некој во близина. Ако не сакате да повикате итна служба, притиснете Поништи. Кога одбројувањето ќе заврши, Apple Watch автоматски ќе упати повик до итните служби.

Кога ќе се воспостави врска, Apple Watch репородуцира звучна порака која интната служба ќе ја информира дека детектирал пад, а потоа пренесува податоци за вашата моментна локација во облик на координати на земјописна ширина и должина. Кога пораката прв пат ќе се репродуцира, звукот е максимално гласен, а потоа стивнува за вие или некој во близина да можете да разговарате со оператор. Пораката продолжува да се репродуцира додека не притиснете Сопри ја снимената порака или додека повикот не прекине.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.