imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Apple заклучи уште еден рекорден квартал, но…


Ова е последен пат Apple во својот квартален извештај да објави конкретни бројки на продадени примероци. Но, само услугите им вредат преку 10 милијарди долари.

Веќе научивме на тоа како одат овие работи, но по заврпшувањето на синоќешниот квартален извештај на Apple, Luca Maestri истакна еден интересен факт. Имено, од следниот квартал натаму, Apple повеќе нема да ги споделува точните бројки на продадени уреди за секоја категорија.

Официјалното објаснување е дека во секоја категорија постојат огромни разлики помеѓу производите, па е невозможно да се добијат реални бројки. Само споредете ги Mac mini и iMac Pro, или пак разните модели на iPhone кои осетно се разликуваат според цените. Maestri рече дека ни другите компании не ги споделуваат таквите информации – иако е најважно дека Samsung е помеѓу нив. Исто така, вложувачите не се заинтересирани за обемите на продажбата, туку само за профит.

Уште повеќе, на акционерите веројатно лично не би им пречел пад на продажбата предизвикан од повисоките цени, се додека компанијата стабилно ги зголемува приходите и станува се побогата.

Меѓутоа, пазарот не е толку пристрасен: пред објавата на Maestri, акциите на AAPL вредеа 222 долари, но потоа во рок од 60 минути паднаа на 206 долари. Значи, ставот на пазарот е кристално јасен.

Уште еден рекорден квартал

Вкупниот приход на овој квартал изнесува 62,9 милијарди долари (очекуваа помеѓу 60 и 62 милијарди), што е значителен пораст во однос на истиот период лани кога приходот изнесуваше 52,6 милијарди долари. Еден од главните фактори кои влијаеше на оваа бројка е фактот дека овој квартал ја опфаќа и продажбата на iPhone XS и iPhone XS Max. А за разлика од iPhone X, годинашните модели пламнаа што тргна продажбата.

Кварталниот профит порасна на 14,1 милијрди долари, што повторно е значително повеќе од лансите 10,7 милијарди. За тоа придонесе и конверзијата на заработка во различни валути.

Кога зборуваме за профитот по категории, компанијата повторно оствари огромен успех. Забележане голем пораст на продажбата во сите региони на светот, а Cook посебно ја издвои Кина во која е остварен пораст од 16 проценти.

iPhone

Секако, iPhone и натаму е извор на најголемиот приход. На сликата јасно ги гледате бројките на продажба на iPhone XS и iPhone XS Max, на кои Cook е посебно горд. Бидејќи продажбата на iPhone XR почна пред неколку дена, не беа обелоденети тие бројки бидејќи податоците се уште не се доверливи.

iPad

Во споредба со минатиот квартал и истиот период лани, продажбата на iPad забележа мал пад. Меѓутоа, во следниот квартал се очекува рекордна продажба на iPad Pro.

Mac

Не изненaдува дека продажбата на Mac малку стагнираше, бидејќи најголем дел од оваа линија на производи е речиси античка. Новиот MacBook Air би можел значително да ги зголеми овие бројки, а нас посебно не интересира колкав успех ќе оствари Mac mini. Кој знае, можеби ноември ќе донесе тивка надградба на iMac…

Останато

Категоријата Останато ќе се преименува во Wearables, home and accessories. Така можеби ќе биде појасно дека ги вклучува Apple Watch, AirPods и HomePod, заедно со останатите додатоци. Графиконот покажува дека нивната продажба е во константен пораст, а приходите речиси се дуплираа во споредба со истиот период минатата година.

Услуги

Категоријата услуги неуморно продолжува натаму, и единствена бележи постојан пораст. Веќе е помината границата од 10 милијарди долари, а само прашање на време е кога ќе се оствари ветувањето на компанијата дека до 2020. година ќе дуплираат приходите од услуги. Се обложуваме дека ваквиот графикон би ги орасположил челниците на било која компанија.

Планови за првиот квартал од 2019.

Apple ги сподели и своите очекувања за идниот квартален период:

  • Приход помеѓу 89 и 93 милијарди долари
  • Бруто маржа помеѓу 38 и 38,5%
  • Трошоци на работа помеѓу 8,7 и 8,8 милијарди долари
  • Останати приходи/(расходи) од 300 милиони долари
  • Даночна стапка од околу 16,5%
Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.