imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Архивирајте ги YouTube видеата со помош на Terminal


Се спремате на далечно патување и сакате да ги зачувате Вашите омилени Youtube видеозаписи за да ги гледате offline? Нема проблем! Ќе Ви биде потребен само Terminal.

Неодамна Ви покажавме како да ги декомпресирате RAR архивите кои не се изворно поддржани преку внес на неколку редови во Terminal. Овој пат ќе Ви покажеме како да го превземете било кој Youtube видео запис како би можеле подоцна да ги репродуцирате offline. Сè што Ви треба е новиот прозор Terminal и неколку реда на наредби.

Пред да почнете, треба да го инсталирате Homebrew пакетот на менаџери со следната наредба (само доколку сеуште го немате инсталирано):

/usr/bin/ruby -e “$(curl -fsSL https://raw.githubusercontent.com/Homebrew/install/master/install)“

Доколку сте спремни пристига инсталацијата за Youtube -dl (dl = download) пакетот со Homebrew. За да го направете тоа, внесете:

brew install youtube-dl

Тоа сè за почеток. Од сега сè што Ви е потребно се URL адресите на омилените видеозаписи со најдобар можен квалитет на слика и звук. За да го направете ова во Terminal внесете:

youtube-dl videos_url_title

Voilá! Видеозаписот магично ќе се појави во изворната мапа на корисници (~/Users/). Оваа аплијкација има мноштво на други фини детали, а за да дознаете за сите, погледнете го прирачникот со помош на следната команда: man youtube-dl.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.