imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

ARKit е веќе на врвот


Наскоро ќе биде готова уште една важна апликација без која целиот ARKit ќе биде бесмислен: Виртуелниот планер за мебел на IKEA. Веројатно никој нема да смисли подобар начин да ја искористи проширената реалност во пракса.

Дури и кога се појавија само гласини за тоа дека Apple има намера да му се придружи на пазарот на виртуелна/проширена реалност, едно од најчестите теми беше прашањето на применливост на таквата технологија. Добро, на сите им е јасно зошто е добра виртуелната реалност: ви овозможува да истражувате возбудливи нови светови, да уживате во игрите (или дури и филмовите) и притоа да се чувствувате дека сте физички присутни. Но проширена реалност? Ќе признаеме дека беше забавна во Pokemon GO, но никој не можеше да смисли некоја подобра примена. Освен оваа:

Можете да планирате кој мебел да го ставите во домот, и да испробате како да изгледа пред да го купите.

Е, ова е примена на AR која навистина може да им ги олесни животите на корисниците, бидејќи секој од нас повремено купува некое ново парче мебел или декорација. Врз основа на долгогодишно разгледување, можеме да заклучиме дека ова сценарио се случува во осум од десет случаи.

Тато го зема метарот од кутијата со алати.

Тато и повеќе од прецизно го мери местото кое треба да се пополни,

Тато ги забележува мерките во бележникот од математика кој го позајмил од своето дете (и тоа со обично пенкало, секако)

Татко го сместува целото семејство во автомобилот па сите заедно одат во шопинг на мебел.

По половина час бесцелно шетање, стигнуваат до одделот на потребниот мебел

Во меѓувреме, се случуваат две работи. Најпрвин, родителите мораат да им кажат на децата да престанат да скокаат на секој кревет што ќе го здогледаат. Второ, мајката веќе носи 13 предмети кои воопшто не им требаат.

Потоа го наоѓаат саканото парче мебел, малку го мерат, се одговара и конечно можат дома!

Секако, имаат проблеми со ставање на куријата во автомобилот, па тато мора на кратко да се плетка околу неа, и скоро и самиот завршува во багажникот.

Кога ќе се вратат дома, ја отвораат кутијата и го склопуваат мебелот, а потоа следуваат три можни расплети:

60% шанси: На мама не и се допаѓа бојата/обликот/материјалот итн. = мораат да го вратат мебелот
30% шанси: Тато заборави да го пресмета штекерот при мерењето, па сега големината на мебелот не одговара = мораат да го вратат мебелот
10% шанси: Се е во ред и сите се среќни

ARKit апликацијата на IKEA која моментно се изработува ќе стави крај на ова паклено сценарио еднаш за секогаш. Компанијата веќе почна да ја развива апликацијата во теорија. Концептот е прилично едноставен: имате простор каде сакате да го сместите мебелот, да го земете каталогот и со помош на проширената реалност да го сместите избраното парче на саканото место за да видите дали одговара. Потоа ќе одлучите дали ви се допаѓа како изгледа, па – ако сте задоволни – веднаш можете да го нарачате тој предмет преку апликацијата.

Совршено.

Ако ова решение е половина добро како нивниот иритантен AR каталог (смислен од истата оваа причина), сигурно ќе се вљубиме во него.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.