imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Background – Променете ја вашата позадина со нова


Ние сакаме шарени и експресивни позадини со висока резолуција. Ако и вие ги сакате, ова е апликација за вас.

Јас навистина сакам убави позадини, со урамнотежени бои и пропорции. Уредите на Apple отсекогаш ми пружале се што сум сакал, бидејќи во Купертино секогаш внимаваат на корисниците да им дадат одлични и квалитетни позадини. Затоа и секогаш пишуваме за новите опции кои доаѓаат со новите верзии на iOS.

Но, тоа не е темата на овој текст. Имено, откривме многу врвни фотографии со одличен квалитет во апликацијата Background, која ја преземав пред неколку недели и оттогаш редовно ги менувам позадинските слики на својот уред. Се работи за прилично млада апликација, но јас се уште не сум видел нешто слично.

Во принцип, имате пристап до слики кои можете бесконечно да ги прегледувате, бидејќи ги има безброј. А се со многу добар квалитет. Според моето искуство, сите фотографии имаат многу висока резолуција, остри се и речиси совршени. Во случај сликата која ќе ја изберете да не одговара на димензиите на екранот, вишокот автоматски ќе биде отстранет, но без нарушување на самата композиција. Кул, зарем не?

Освен прегледувањето на фотографиите на стандарден начин, можете да го вртите мобилниот од една страна на друга за да ги видите рабните делови на сликата, а оние кои ќе ви се допаднат можете и да ги складирате – само подолго држете ја сликата. Да се вратиме на прашањето на резолуцијата: иако апликацијата е бесплатна, сликите со максималната резолуција, сепак ќе морате да ги платите. Сепак, подобро така, отколку масно да ја платите целата апликација.

Напомена: Кога почнав да ја користам апликацијата, не избрав премиум функции, но сликите на мојот iPhone 7 беа чисти. Секако, споредувајќи ја таа верзија на сликата со онаа во висока резолуција, разликите се јасни – но тоа не значи дека овие „обични” не се сосема прифатливи.

Бесплатно преземете ја апликацијата Background во App Store (iPhone, iPad)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!