imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Bartender: Важно е да се биде уреден


Дали ви се случува некогаш работната површина да ви е затрупана со икони? Постои начин да ги организирате на елегантен начин!

Знам дека темата на уредност и Apple е често на репертоарот, но и натаму стојам зад тоа дека Apple лансира толку софистицирани софтвери и хардвери што е ред да ги држиме организирани. Под тоа подразбирам организиран фајл систем, урамнотежен распоред на иконите на Dock, употреба на квалитетни апликации, минималистичка работна површина и слични работи.

Меѓу тие слични работи е и лентата на менито. Во нормални околности на неа се наоѓаат иконите на часовникот и статусот на батеријата, Spotlight и Siri, но и вие самите можете да додадете други системски икони и многу други апликации.

Исто така, овие икони многу често не ги користите активно, па кога треба да одлучите дали иконите на апликациите кои постојано работат во позадина ќе ги ставите во лентата на менито или на Dock, ова второто е подобра опција. Така ќе спречите иконите со различни стилови речиси во целост да го прекријат вашиот екран, па ќе ви биде потребно фотографско паметење за брзо да ја пронајдете саканата апликација помеѓу нив.

Освен ако вложите во апликацијата наречена Bartender.

Навистина е едноставна за употреба: ќе добиете целокупна листа на системските и апликациите од трети страни кои ја користат вашата лента на менито, па можете да поставите кои од нив сакате да ги гледате, кои сакате да ги скриете, а кои во целост да ги отстраните. Ако ја изберете опцијата на криење, можете повторно да ја прикажете иконата така што ќе кликнете на иконата на Bartender. Исто така, сите апликации кои немате намера повеќе да ги користите можете едноставно да ги отстраните.

Секако, апликацијата донесува уште опции за поставки, на пример ако некоја ставка се надгради, можете да поставите да се прикажува одредени време. Понатаму, тука се и опциите на зачувување на батеријата и автоматско криење, Hot Keys, и други ситници кои можат да го поправат вашето корисничко искуство и да ви го дадат она чувство на задоволство, кога ќе ја погледнете лентата на менито да го видите само она што го сакате.

Извор: MacBartender

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.