imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Beats Studio 3 тест – така се прави тоа!


Го добивме најновиот додаток на Beats Studio серијата за да го тестираме. Studio 3 ќе ги разгали корисниците со активното отстранување на вревата, W1 чипот, неверојатната удобност и звук кој е позитивно поинаков од вообичаените Beats слушалки.

Имавме прилика да тестираме неколку Beats производи. На пример, помеѓу останатите ги тестиравме Powerbeats 3 кои се создадени за спортски активности и речиси совршените BeatsX. Меѓутоа, на оваа листа недостасуваше висококвалитетен производ од Studio серијата. Барем се досега.

Наведените уреди имаа соодветни звуци за некоја целна група, но беше очигледно дека не е ставен акцентот на тоа во текот на развојот. Од друга страна, Studio серијата традиционално има најдобар звук. Тоа не се промени во случајот на Studio 3 слушалките, а тоа не е ни најголемото изненадување.

Надворешност

Најпрвин ќе го погледнеме пакувањето. Вообичаена кутија со вообичаени додатоци: преносна торбичка, 3,5-милиметарски приклучен кабел за слушалки, microUSB кабел за полнење (иако се прашуваме зошто и натаму инсистираат на тоа), хартии, налепница и секако, слушалките.

Слушалките го пружаат традиционалното Beats искуство. Модерни, лесни (тежат само 260 грама), издржива пластика со ленти кои наликуваат на алуминиум и атлетска атмосфера. Дефинитивно постои воочлив раст во квалитетот на материјалите кои се користат во Beats производите. Слушалките нема да ви се распадат на глава; очигледно дека ќе траат со години.

Удобност

Да разговараме за најдобрата работа во Studio 3:

овие слушалки се исклучително удобни.

Од лентата за глава које а прекриена со материјал сличен на гума до меките перничиња за уши, сето тоа има една цел: да не забележите дека носите слушалки. Лесната тежина и безжичниот дизајн очигледно помагаат во тоа. Без оглед колку долго се носат, никогаш не почуствуваме нелагодност или потреба да ги извадиме. Инженерите направиле одлична работа. Дури би отишле толку далеку да кажеме дека се едни од најудобните слушалки што сме ги тестирале.

Внатрешност

Уште една предност е W1 чипот. Веќе зборувавме за тоа колку е одличен, но секој пат кога тестираме нешто што во себе го има овој чип, повторно сфаќаме колку е одличен. Управувањето е магично и токму онака како што би требало да изгледа во 2017. година; распонот е неверојатен, не можете да се затекнете на место кое е доволно големо да предизвика прекин на врската; дури и батеријата е прилично силна: компанијата ветува 22 часа со активно отстранување на вревата и 40 часа без тоа.

Да разговараме малку за активното отстранување на вревата. Тоа е вид на технологија која е многу лесно да се уништи: не постои ништо полош од шумови и неисправно отстранување на вревата. За среќа, компанијата го создаде отстранувањето на вревата со добар квалитет во кое можете да уживате. Нема да мора да го засилувате звукот за нешто да слушнете кога се наоѓате во градскиот превоз. И натаму постојат шумови, но кога еднаш ќе ја стартувате песната, тие исчезнуваат.

Квалитет на звукот

Beats Studio 3 значително го намалија истакнувањето на басот кое е карактеристичен за компанијата. Нема да се чувствувате како сабфуверот да ви е залепен за уши. Благодарение на изедначените звуци, можете да уживате и во друга музика, а не само во жанрот на David Guetta. Сепак, Beats се уште се Beats: електронските, хип-хоп и рап жанровите и натаму се оние кои звучат најдобро.

Studio 3 се неверојатни во споредба со очекувањата: ова е најдоброто музичко искуство кое Beats производот некогаш го пружил. Не е аудиофилен уред, но не се очекуваше дека тоа и ќе биде.

Пресуда

Ова исто така ја опишува примарната употреба на Beats Studio 3 слушалките: ова се совршени слушалки за град, канцеларија и патувања. Лесни и компактни кога се спакувани, предностите на W1 чипот, активното отстранување на вревата и екстремната удобност создаваат мешавина со која Beats можат да се гордеат. Подобрениот квалитет на звукот е само цреша на врвот. Studio 3 не се само слушалки кои повремено ги користите. Studio 3 се пакет на Beats искуство кое можете да го користите колку долго сакате, без компромис.

Доколку сте заинтересирани за овие беспрекорни слушалки истите можете да ги купите онлајн на следниот ЛИНК.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!