imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

BeatsX тест: Beats слушалки кои се речиси совршени


Ги имавме BeatsX за тестирање, последното делче што недостигаше кај слушалките со W1 чип кои беа презентирани во септември минатата година. Овој производ е лесно допадлив и не само за цената. Сепак, има и свои маани.

Има 4 производи од линијата на слушалки со W1 чип, од кои ние тестиравме два, а тоа се AirPods и PowerBeats. Линијата на производи ги покрива скоро сите потреби. На пример, имаме премиум слушалки како Solo 3, но имаме и спортски слушалки како PowerBeats3. Во денешниот тест, ќе се сконцентрираме на тоа како изгледаат и фунцкионираат BeatsX слушалките. Овие слушалки се основен модел кои може да ги користите во секоја ситуација, било да е тоа кога патувате или пак за во канцеларија.

01_beatsx_test_the_almost_perfect_beats
Надворешен Изглед

Иако Bets X се најевтин производ од оние кои имаат W1 чип, дури и најевтини од Beats безжичничите слушалки, не може да се забележи недостаток во она што го има во пакувањето. Кога ги купувате, добивате бела кутија со чист дизајн со проѕирна фолија од предната страна од која што се гледаат слушалките. Има една порака напишана од страна која е малку необјаснива, а гласи: “Луѓето не ја слушаат секоја музика”, а на задната страна ги имате напишано техничките спецификации и најважните функции.

02_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

Под слушалките се наоѓаат сите додатоци, уредно спакувани во црна кутија. Добивате 3 пара додатоци за во уво, покрај оние кои ги има веќе на слушалките и два пара на додатоци за на слушалките за на уво за подобра стабилност. Втората опција е огромен бонус: прво, зошто не ги прекриваат ушите од надворешната страна, а второ е што лесно се отстрануваат доколку веќе не ви се потребни.

Во задниот дел од кутијата ќе најдете USB – Lightning кабел за полнење кој е 15cm долг и истата торбичка за носење на слушалките како кај PowerBeats3, иако изгледа помала така што полесно е за да се стават во џеб. Материјалот од кој што е направена торбичката е одличен и мазен и лесно може да се извадат од џеб слушалките. Покрај сето ова, ги имате и корисничките упатства, гарантниот лист и Beats налепници.

Според материјалот на изработка, би рекле дека BeatsX слушалките се повеќе спортски отколку премиум производ. Кабелот кој оди преку Вашиот врат е изработен од истата гума како што е изработена торбичката за носење на слушалките, така што убаво е чувството на кожата поради мазниот дизајн. Не мора да бидете претпазливи со нив, бидејќи свитливиот дизајн и начин на изработка, ви овозможува да ги виткате како сакате. Доколку ги згужвате во футролата, тие повторно ќе си се вратат на првобитниот изглед.

03_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

На основата на кабелот, се два медиа контролери, по еден на двете страни. Копчето за вклучување/исклучување и LED индикатор кој е сместен на левата страна, додека пак делот за полнење е на десната страна. Доколку би требало да нагаѓаме и двата контролери имаат своја батерија, бидејќи слушалките може да ги користите дури 8 часа со едно полнење. Овие пластични делови, служат и за баланс на тежината на вратот за да не отскокнуваат слушалките. Можеби тоа ќе ве нервира, а можеби воопшто нема да ви смета, зависи од вас.

Овие се поврзуваат во два рамни е тенки кабли кои водат до самите слушалки. Рамниот дизајн воопшто не е удобен и нервира. Непотребно ќе се свитка кога ќе ги ставите слушалките. Исто така изгледа како да не се долготрајни поради тенкиот дизајн на каблите – тенок округол дизајн би бил многу подобро решение. Медиа контролерот е сместен на десната страна, со што одлично функционира. Копчињата лесно се наоѓаат, кликаат одлично и ги знаат сите познати функции на Siri за воспоставување на повик. Во теорија, може да се користат и со Android уреди, но не ги тестиравме.

04_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

Главите на слушалките изгледаат многу мали, не се толку големи како што се кај PowerBeats3. Дизајнот е малку накривен за да може лесно да се прилагодат на вашето уво. Тешко дека ќе може да ви паднат од ушите дури и без додатоците за слушалките. Но, вистинскиот добар дел е што имаат магнет на задниот дел така што ќе можете да ги споите заедно кога нема да ги користите. Ова е типичен случај на “Зошто не ми текна на мене ова порано?” – добро е што не летаат наоколу слушалките додека не ги користите, туку изгледаат како ланче. Ова е мала, но голема работа.

05_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

Ние ги тестиравме црните, но ги има во плава, сива и бела боја.

Квалитет на Звук и користење

Apple-овиот W1 чип се грижи за непречената, стабилна широкопојасна поврзаност. Разговаравме за функционалноста на овој чип повеќе пати, така да не би сакале да навлагаме во детаљи, но неверојатно е колку добро функционира овој чип секогаш кога ќе тестираме производ во кој е имплементиран и не само во делот на поврзување. Едноставно е неверојатно како може звукот да биде со ист квалитет, без разлика каде се наоѓате во затворена просторија, но и одлично функционираат во големи простории. Замислете дека сте во читална со големи дебели ѕидови, а барате некоја книга качени на скала неколку метри оддалечени од вашиот уред. Цело време звукот е ист, како да сте до уредот. Како магија.

Не можеме да кажеме ништо лошо за времетраењето на батеријата. BeatsX работа активно 8 часа, како на хартија, така и во пракса. Не е страшно и ако изгубите батерија ненадејно, бидејќи да ги наполните за 5 минути и да ви траат 2 часа, поради Fast Fuel Technology, што значи дека може да ги наполните за 45 минути. Најверојатно нема да ви биде потребно повеќе со нормално секојдневно користење.

06_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

Не очекувајте некоја екстремна промена во однос на квалитетот на звукот. BeatsX ќе ви го дадат истиот квалитет на звук каков што може да очекувате од сите Beats слушалки. Што повеќе ги тестираме овие слушалки, тоа повеќе осознаваме дека нема некоја голема разлика помеѓу премиум и евтините производи во однос на квалитетот на звукот, како што нема разлика помеѓу жичаните и безжичните слушалки. Сосема се соодветни за патување или пак за спортување, но не можат да ви го пружат чувството на квалитетно слушање на музика. Ова е допадлив производ, со јак бас и слаби високи тонови, на кој можете одлично да ги слушнете новите хитови, но искуството е послабо доколку слушате класична музика.

Заклучок

Можеме да кажеме на крајот од овој тест, дека овие слушалки се најдобриот производ на Beats кога се работи за односот помеѓу цената и квалитетот. Ако ви е поважнода ви се безжични слушалките отколку да имате одличен квалитет на звук, тогаш овие слушалки се за Вас. BeatsX се речиси совршените Beats. Имаат одлична батерија, релативно се евтини, мали се и компактни и доста удобни. Причината поради која се “речиси” совршени, е поради тоа што не се баш добри за спортување, иако имаат гумени додатоци за во уво, поради фактот што не се водоотпорни. Ова е голем проблем, поради тоа што ова е зона каде што безжичниот дизајн може да биде вистинска предност.

07_beatsx_test_the_almost_perfect_beats

Со недостатокот на таа функционалност, BeatsX стануваат конурент на AirPods. AirPods очигледно не се подобар избор за купување, иако кога би можеле да бираме, би ги избрале AirPods. Сепак, не би било добро да ги споредуваме овие два пара слушалки во компанијата. Недостатокот на оваа функција е нешто со што BeatsX, доколку ја имаа, ќе беа многу подобри за купување. Сепак, имаат кабел кој ги поврзува и не се тотално безжични на тој начин како AirPods. Исто така, мала е и разликата во цена. Моментално, BeatsX се најдобриот основен модел на безжични слушалки на пазарот.

BeatsX слушалките можете да ги нарачате на следниот ЛИНК.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!