imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Beoplay P2 – Музичко камче


Го имавме најновото мало чудо на B&O PLAY, Beoplay P2 во текот на период на тестирање. Мали димензии, издржлив дизајн, одличен квалитет на звук, и неколку паметни функции го карактеризираат овој минималистички Bluetooth звучник.

По H9, имавме можност повторно да користиме друг B&O PLAY производ и да го испробаме за неколку дена. Овој пат не се работеше за слушалки, туку за прекрасно изработен Bluetooth звучник со големина на просечна дланка. Едно нешто што сакавме да видиме во текот на овој период на тестирање е дали овие производи имаат легитимна причина да бидат дел од било која палета на производи, бидејќи овие мали звучници обично немаат таков неверојатен квалитет на звук да го оправдаат своето постоење.

Но сега! – помисливме. Ова е производ на реномираната данска компанија Bang & Olufsen, и покрај тоа што е создаден од под-брендот што цели на многу поширока база на корисници, B & O PLAY. Сето ова е еднакво на квалитет во нашите умови, па ова беше нашето првично мислење за овој тест: ако P2 не ни покаже зошто овие производи се одлични, ништо нема. Се што можеме да кажеме е дека воопшто не сме разочарани, но да почнеме од самиот почеток.

01_beoplay_p2_test_fullwidth

Однадвор

Како што е вообичаено од B&О PLAY, можете да го почувствувате квалитетот на производот уште од самото пакување. Ќе добиете компактна мала бела кутија со познатите слики со стилски начин на живот, како и листа од најважните функции на задната страна на кутијата. Откако ќе ја отворите кутијата, P2 ќе лежи пред вас со сета негова слава, сместен во релативно густа црна перница. Не барајте многу повеќе работи тука, бидејќи само 40 см долгиот USB-C кабел за полнење е ставен веднаш до звучникот. Упатствата за безбедност се исто така во кутијата, но скриени се на самото дното на капакот под перницата. Изненадувачки, нема упатства за корисниците вклучени во пакетот, само налепница на дното на производот, вклучувајќи две фигури што ќе ви помогнат да го поставите звучникот. Имавме некои проблеми при поставувањето, па повеќе би сакале да име упатство за користење.

Како што се очекуваше од B&О PLAY, дизајнот на P2 е минималистички, чист и убав. Немаме поим како мал сив елипсовиден звучник може да изгледа толку добро, но поради некоја необјаснива причина едноставно изгледа одлично. Квалитетот на материјалот исто така нема да донесе срам за името на брендот. Мрежата што го покрива звучникот е направена од алуминиум, а остатокот од куќиштето користи силни полимерни материјали меки на допир, така што лесно може се вметне во вашиот џеб. На дното на звучникот, гумената површина помага да се спречи лизгањето на P2, додека лентата од страна на звучникот е изработена од кожа. Посакуваме сите Bluetooth звучници да изгледаат толку добро.

Навистина ништо не ја прекинува оваа органска хармонија, освен малиот отвор на куќиштето за USB-C портот, но дури и ова е толку добро скриено што едвај може да се забележи. Единственото копче на целиот звучник е слично поставено на гумената површината на самото дно. Ова е додадено толку незабележително, што потрошивме околу 30 минути додека не сфативме како да го превртиме и користиме овој уред. Тоа е причината зошто почнавме френетично да го бараме упатството за употреба додека не сфативме дека една налепница ги има одговорите на нашите прашања. Про совет за оние кои ќе го купат P2: логото на дното е всушност копче.

02_beoplay_p2_test_fullwidth

Квалитет на звук, употреба

Можеби ќе се запрашате: ако има само едно копче сместено на дното на производот и не е баш лесно да му се пристапи (бидејќи вообиачаено е сместен на дното на звучникот), тогаш како ќе се контролира овој уред? Одговорот на ова е многу умен трик кој што е додаден на P2. Мрежата на врвот не е само да се заштити звучникот иако тоа така изгледа, бидејќи на дното има поставена површина на допир. Повеќе од тоа, можете да ги прилагодите интеракциите: ако сакате, со допирање на површината ќе се паузира или ќе почне тековната песна, или ќе се активира Siri, или ќе го овозможите или оневозможите еквилајзерот. Ова не е за сите, P2 исто така препознава и тресење. Можете да се префрлате низ песните преку тресење на уредот, или да го исклучите алармот. Неверојатно!

Овие различни подесувања се достапни во апликацијата на B&O PLAY, каде што не само што можете да ги подесувате интеракциите, туку можете интуитивно да го наместите звучниот профил што го посакувате. Сепак, спарувањето на звучникот се случува на традиционален начин: нема ништо лошо во тоа, но сите знаеме колку е добар W1 чипот – споредено со тоа, бара повеќе чекори. Го вклучувате уредот со долго притискање на копчето, и LED статусот почнува да свети сино. Потоа, треба само да го пронајдете P2 во музичкиот избор на Bluetooth менито и да се поврзете. Не е долг процес, и доволно е да се спроведе еднаш, конекцијата потоа ќе биде стабилна.

03_beoplay_p2_test

Три работи се важни во врска со овие производи: прво, треба да биде лесно пренослив; второ, треба да биде доволно издржлив за да го користите за време на патување; трето, треба да има доволно траење на батеријата да можете да го понесете со вас во текот на целиот ден. За среќа P2 успева во сите три барања. Навистина е лесно, едноставно да го ставите во вашата торба или малку поголем џеб благодарение на малата големина. Тежината исто така влијае за тоа: не е многу тежок (на пример, нема да го забележите во една торба), но и овие 275 грама може да бидат тешки за еден џеб. Во однос на издржливоста, овој аспект е целосно задоволен преку стандардот IP54 за водоотпорност и отпорност на прав. Можете безбедно да го земете со вас на плажа, P2 ќе го издржи тоа.

Што се однесува до времетраењето на батеријата, уредот може да работи до 10 часа, што е перфектно доволно за ден на плажа, па дури е можно и кампување, посебно ако не сакате да го користите во текот на целиот ден. Вистина, ова не е најсилната батерија од B&O PLAY, бидејќи Beoplay A1 може да работи 24 часа, но тешко можеме да замислиме ситуација каде ќе ви требаат повеќе од 10 часа. Полнењето завршува за околу 2 часа. Уште една работа која помага за времетраењето на батеријата на P2 e модот за спиење, па не морате секогаш да го исклучувате, самиот ќе хибернира автоматски по 2 минути. Уредот конзумира многу мала количина на електрична енергија, и се што треба да направите е да го притиснете копчето на дното за музиката повторно да почне да свири.

04_beoplay_p2_test

Сега да зборуваме за квалитетот на звукот, за кој можеме да кажеме дека е добар, иако има очигледни ограничувања поради неговата мала физичка големина. Прво, треба да истакнеме дека она што може да го направи P2 е далеку над нивото и не се ни поставува прашање дали треба да се мислите дали да го земете Bluetooth звучникот со вас. Проблемот со останатите производи е дека звучат како да сте ја засилиле гласноста на вашиот телефон. Во тој случај, зошто воопшто би земале звучник со вас? И во двата случаја ќе звучи лошо.

Сепак, P2 може да создаде совршено квалитетен звук, што никогаш не помисливме дека ќе излезе од ваков мал уред. Тој е како музичка мравка: може да направи неколку пати поголеми работи во споредба со неговата големина. Може да создаде вибрации на масата доколку ја наместиме гласноста до максимум, и можеме да ги почувствуваме движењата во воздухот на басот кога ќе ја ставиме раката над него. Три четвртински високотонец и 2″ вуфер од класата D се ставени под мрежата која може да создаде звуци од 68 Hz до 21 kHz. Можеби ќе почувствувате мала загуба на бас, но не треба да се повторуваме: во основа е невозможно да се направи нешто подобро во толку мала големина.

Исто така, не можеме да се пожалиме ниту на гласноста. Уредот во основа може да оди до 2x15W, но кога ќе ја зголемите гласноста до крај, може да оди дури и до 50W. Производот почнува да чкрипи при оваа јачина на гласот, и почнуваат да доминираат високите звуци, што значи дека во звукот на P2 може да ужива цела маса полна со луѓе, но нема да биде во можност да обезбеди музика за цел камп. Нема ништо друго да се каже за овој производ: P2 ни покажа дека Bluetooth звучниците имаат место во палетата на производи – иако се разбира, треба да постои и квалитет. Единствениот негативен аспект што можеме да го споменеме е тоа што може да се слушне постојано крцкање кога ништо не свири, а понекогаш и музиката малку како да чкрипи.

05_beoplay_p2_test_fullwidth

Заклучок

Се на се, целосно сме задоволни со овој производ, и среќни сме доколку овој тест ви понуди некои идеи да испробате Bluetooth звучници. Само замислете колку корисен може да биде P2 за време на одмор: само земете го со себе, ставете го на земја и веднаш можете да ги слушате вашите омилени песни со висок квалитет додека печете некое месо.

Единственото нешто што ова искуство го прави малку кисело е цената, но за среќа, не е ни превисока, посебно кога ќе го споредиме со другите B&O PLAY производи. P2 чини околу 160 евра, што го прави најевтин производ во палетата на Bluetooth звучници во компанијата. A2 и Beolit 17 очигледно не играат во оваа лига поради нивната големина, па единствениот преостанат производ што треба да го земете во предвид е A1, доколку се разбира преносливоста е важна за вас. TA1 ќе биде малку поскап, иако ќе има подобар квалитет на звук и подобра батерија. Нема да згрешите со ниеден од нив; единственото прашање е вам што ви е поважно. Очигледно треба да ги испробате, пред да купите некој од овие звучници.

Звучникот можете да го нарачате на следниот ЛИНК.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!