imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Билионскиот пад на Apple


Пред неколку недели беа на светскиот врв и имаа компанија со најголем капитал на пазарот. Сега дури и Microsoft ги престигна.

Кон крајот на летото известувавме дека Apple ја преминал големата бариера од билион долари. Станаа (речиси) прва компанија со пазарна капитализација од 1.000 милијарди долари. Сонце, забава и насмеани акционери.

Лесно е да се падне од таму. Паниката следуваше малку подоцна, по последниот квартален финансиски извештај – иако се пишуваше за наглиот раст и достигнувања – Apple истакна дека повеќе нема да ги објавува точните броеви на продажба. Акциите на Apple почнаа да паѓаат, а акционерите се повлекоа. Оваа објава, секако, не значи дека има било какви проблеми со продажбата на iPhone. Сиротиот Tim Cook проба се да објасни со податоци и извештаи, но тоа не му помогна на понатамошниот пад.

За рекордор од билион долари беше потребна стапка од 207.05 долари по AAPL. На врвот изнесуваше околу 232 долари. Сега Apple е некаде на 174.62 долари. Ова е толку сериозно што пазарнанта капитализација на Microsoft ја надмина онаа на Apple. Според Bloomberg, ова е најголемиот пад во последните 8 години.

Што тоа значи за нас, корисниците? Воглавно ништо, како што не значеа ништо 1.000 милијарди долари, освен ако не сте акционер. Меѓутоа, тоа навистина покажува колку е кревок статусот на една трилионска компанија.

Така што, ако сте имале лош ден, само замислете го Tim Cook, кој се разбуди со сознанието дека компанијата му вреди стотина илјади долари помалку…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.