imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

B&O PLAY Beoplay E4 – Моќта на тишината


Прилично се изненадивме кога ја добивме малата бела кутија со производот што требаше да го тестираме. Од самото пакување беше очигледно дека се работи за нешто од B&O PLAY серијата, но воопшто не знаевме дека компанијата лансирала нови слушалки. Овој нов производ е наречен Beoplay E4, а се работи за слушалки со хибридна активна заштита од врева (Active Noise Cancellation).

Повторно се изненадивме кога ја земавме кутијата во раце и го видовме добро познатиот знак за влез за слушалки во долниот десен агол од кутијата. Тоа е навистина необично – воопшто не можеме да се сетиме дали некогаш сме добиле на тестирање B&O PLAY производ кој работи исклучиво на кабел. Тоа може да биде проблем за корисниците на iPhone 7, бидејќи значи дека ќе мораат да користат адаптер за слушалки. Секако, немаат сите iPhone 7 (или некој од поновите модели на Android), па тоа е можеби и причината зошто оваа данска компанија одлучи да загази во овие води.

Надворешност

Како што веќе споменавме, Beoplay E4 доаѓаат во згодна бела кутија. Во пакетот добивате слушалки, четири пара силиконски (во големина XS, S, M и L), пар Comply™ (големина М), USB-A-Micro-USB за полнење, адаптер за летови, мека торбичка и секако, кориснички прирачник. Самите слушалки многу се слични на добрите стари H3 ANC слушалки (кои можеме да ги сметаме за директен претходник на E4 моделот), што значи дека куќиштето е изработено од едно парче алуминиум, со точки околу B&O логото, и три дополнителни дупчиња сместени на коренот на слушалките, а кои ги кријат микрофоните потребни за заштита од врева.

Отприлика 8 см од крајот на кабелот, на страната на приклучокот, се наоѓа малечка кутија во која се сместен системот за заштита од врева. Тешко е тоа да се опише бидејќи се работи за навистина ситен детал – помал од кружна кутија на H3 ANC слушалките – прекриен со гума и згоден на допир.Тука имаме и USB влез за полнење, прекинувач за вклучување на системот за заштита од врева и LED ламбичка. Тоа е веројатно дизајнирано за да ви виси од џеб, што најпрвин може да изгледа чудно, но ќе се навикнете – а и така е полесно да се управува со се. Секако, можете се да ставите во џеб заедно со мобилниот.

И самиот кабел обложен со гума е прилично масивен и се чини издржлив, па веројатно нема да се распадне ни по подолго користење. На самиот кабел се наоѓа и управувач прекриен со алуминиум. Конечно можете совршено да ги напипате сите копчиња без гледање, а и доволни се оддалечени една од друга. Точките на притисок можеле да бидат понагласени, но тоа не е позначаен проблем.

Тишина

Кога зборуваме за Active Noise Cancellation, сите веднаш помислуваат на Bose бидејќи тие слушалки во принцип и ја претставија оваа технологија на пошироката публика, иако самата основа на теорија е претставена уште во 1930-те. Меѓутоа, оваа американска компанија почна прва екстензивно да ја користи, па имаат и најголемо искуство на ова подрачје. Не се работи за универзално популарна технологија бидејќи има луѓе кои не сакаат слушалки со заштита од врева, иако тие прилично ги намалуваат звуците од околината. Таквите слушалки најдобро функционираат со стабилни услови – на пример во авион.

Па, ако не сте љубител на слушалки со активна заштита од врева, Beoplay E4 можеби пријатни ќе ве изненадат. Дури и ако не очекувате премногу од нив, овие слушалки ќе ги надминат сите идеи кои можеби ги имате за нив. Еднаш кога ќе ги вклучите, поголем дел од надворешните звуци едноставно ќе исчезнат. Така е, можат да отстранат 99 проценти од константните монотони звуци (на пример, предењето на климатизацискиот уред или пак комуналните служби кои ја косат тревата) и генерално одлично работат. Не откривме точно што значи „хибридна” заштита од врева, но од B&O Play тврдат дека тој систем може да пригуши 15 dB повеќе звуци отколку H3 ANC слушалки.

Тука е и уште една интересна функција, наречена „Transparency Mode“ (транспарентен начин на работа). Тој начин на работа можеме да го активираме кога го вклучуваме системот за заштита од врева со притискање на соодветно копче, и држејќи го една секунда. LED ламбичката на кутијата ќе се промени од бела во сина боја, музиката ќе се исклучи и ќе можете да ги слушнете надворешните звуци преку микрофон. Тоа може да биде корисно, кога сте на пример во авион и пилотот најави слетување, па треба да го заврзете ременот – во таква ситуација не сакате да пропуштите да ги слушнете важните информации. Така нема да пропуштите ни кога некој ќе ви се обрати додека слушате музика, на пример во автобус или трамвај. (Сепак, Comply™ навлаките за слушалки доста добро ја пригушуваат вревата, па некогаш не е доволно само да се исклучи системот за заштита од врева.) Навистина интересен пристап.

Што се однесува до издрживоста на батеријата, од B&O PLAY тврдат дека вградената батерија од 330 mA/h овозможува 20 часа активна заштита од вревам и дека можете во целост да ја наполните за 2,5 часа. Не го проверувавме ова тврдење со мерење, па ќе им веруваме на зборот: батеријата можеби траеше пократк од наведеното, но звукот беше одличен. Кога силата ќе падне под 10 проценти, LED ламбата почнува да свети црвено. Слушалките можете да ги полните и додека ги користите, што е посебно корисно во текот на подолгите летови.

Звук

И покрај активната заштита од врева, E4 имаат квалитетно Bang & Olufsen Signature Sound звучно опкружување, кое е легендарни по својата избалансираност. Зошто велиме „и покрај активната заштита од врева”? Веројатно сите знаает дека звучното опкружување малку се менува кога ќе го вклучиме тој систем на вакви слушалки. Истото вреди за Beoplay H4 слушалките, но тоа не значи дека звукот се менува на полошо.

Што се однесува до B&O звучното опкружување, добивме многу урамнотежени и чисти звуци, како што сме научиле да очекуваме од оваа компанија. Тоа во пракса значи дека басот не е засилен како што пропишуваат моментните трендови; сите фреквенции се одвоени, а и високите звуци се одлични. Секако, целосното звучни опкружување е прашање на личен вкус, па не се сомневаме дека дел од корисниците ќе сметаат дека овие слушалки звучат шупливо.

За такви ситуации, TrueTone на B&O PLAY нуди совршено решение. Со помош на оваа функција можете да ги прилагодите звуците на своите уреди по сопствен вкус. Меѓутоа, таа работи само со Bluetooth слушалки и звучници – a Beoplay E4 не спаѓа во таа категорија. Тоа е лоша вест за сите оние кои сакаат да ја имаат таа опција на своите B&O PLAY уреди: ние сфативме дека ја нема дури кога пробавме да ја активираме. Тоа исто така значи дека, ако не го сакате изворниот звук на E4 слушалките, тие не се добар избор за вас. (Со зададените поставки, E4 звучат подинамично отколку E5 подесени со функцијата TrueTone.)

Заклучок

Значи, можеме да заклучиме дека овие слушалки се најдобри во B&O PLAY понудата на слушалки со активна заштита од врева. Секако, немаме забелешки на дизајнот и квалитетот, но тоа веќе научивме да го очекуваме од оваа компанија. Единствен проблем на овој производ е неговата цена. Нашата проценка беше 30 проценти помала од вистинската цена, посебно ако се прашаат нашите паричници. Навистина се скапи, посебно ако го земеме во обзир фактот дека се работи за класична форма на слушалки со жици и нужен приклучок. Поради тоа, единствени важно прашање е дали ви треба заштита од врева или не: ако да, длабоко вдишете и купете ги – веруваме дека овие слушалки ќе го надминат Bose, што е навистина изненадувачки. А ако заштитата од врева не ви е толку важна, фрлете око на другите производи на оваа компанија – ние ви ги препорачуваме Beoplay H5.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!