imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Бокех ефект 101


Што всушност значи бокех (или боке)? Како Apple го постигна овој ефект и зошто ги гледаме точките на светлата во позадина на фотографијата? Во овој текст ги собравме сите важни работи кои би требало да ги знаете за ефектот.

Бокех е познат концепт на фотографија кој се однесува на замаглената позадина во фотографиите. Изразот доаѓа од јапонскиот јазик, што не е никакво изненадување, бидејќи седиштето на Nikon, една од компанијата која се занимава со производство на камери е во Јапонија. Apple, Google и другите конкурентски компании во своите уреди вклучуваат се поквалитетни објективи и сензори и развиваат попаметни процесори и софтвери, за на просечниот корисник да му овозможат снимање на преубави фотографии едноставно и неверојатно брзо.

Поради тоа, оваа тема станува се поактуелна, и крајно време е повторно да почнеме да се занимаваме со неа и да погледнеме неколку концепти и изрази на фотографии, посебно сега кога iPhone XS и iPhone XS Max овозможија да ја прилагодиме острината на снимените фотографии и со тоа да го постигнеме преубавиот бокех ефект. Според жаргонот, бокех се однесува да деловите кои се надвор од фокус, но во потесно значење го користиме за точките светла на фотографијата. Обично ги гледаме овие светла во облик на точки, кои се воглавно со овална форма.

За да снимиме фотографија со бокех ефект, потребно ни е подрачје осетливо на светло (сензор) и дупка (објектив) која проектира влезно светло. Нивната големина и оддалеченост го одредува квалитетот на фотографијата. Заматувањето кое некогаш се сметаше за чест на професионалната употреба сега е пружено благодарение на комбинацијата на поголем сензор и потесен aperture. Бидејќи ниту еден од производителите не можеше да им се приближи на Micro 4/3, ASP-C или Full Frame сензорите, кои се користат во DSLR и MILC фотоапаратите, но работат со отвор со слична големина (помеѓу 1,8 и 2,4), им беше потребно софтверско решение.

Бокех ефектот на iPhone уредите не е вистински; тоа е вештачки елемент на фотографија кој проба да изгледа пореален. Интересно, бидејќи бокех (се уште тоа го сметаме за светлосни точки во овој контекст) создава различни облици со различни објективи. Деловите и остриците на објективот кои го затвораат отворот ја каракетеризира оптиката која создава единствен бокех ефект за фотографија. На пример, анаморфните објективи кои се користат за филмови ја растегнуваат сликата и ја стиснуваат во постпродукција. Резултатот на тоа е дека светлата нагло се протегаат.

Меѓутоа, за софтверското решение на iPhone XS и iPhone XS Max сепак можеме да му заблагодариме на развојот на процесорот, а не на објективите кои се исти, како и оние кои можеме да ги пронајдеме во iPhone X, претставен минатата година. Ако го поставите бројчаникот на Природно светло на вашиот уред, во моментот кога ќе го притиснете копчето со кое ја снимате фотографијата, вашиот iPhone создава длабочинска карта која го анализира предниот план и позадината, и потоа ги разделува. Благодарение на тоа, можете да ја прилагодите острината по снимањето на фотографијата, бидејќи физиката не стои на патот.

Затоа бокех ефектот изворно одредува со релативно големиот сензор и тесно затворениот отвор, иако во светот на паметните телефони е одреден со знаењето на програмерите. Секако, хардверот кој е под софтверот, исто така, е одредуваќки фактор. Со апликацијата наречена Focos можете да симулирате било кој вид стари рачни објективи, на пример класиката како Helios 44, Carl Zeiss Jena или Olympus Zuiko.

Со нив можете да постигнете единствени и креативни ефекти, а во исто време, изворната апликација Камера, исто така, ја извршува својата работа прилично добро. За бокех ефектот нема да ви треба апликацијата од трета страна, бидејќи Apple го пружа во апликацијата Камера за новите iPhone уреди. Само пронајдете интересна тема, поставете ја во интересно опкружување, поставете Портретен начин на ефект на природно светло и притиснете!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.