imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Целосно нова статистика за App Store


Оваа година, на 10. јули, App Store го прославува својот 10-ти роденден. За да ја одбележи пригодата, Apple сподели интересни бројки поврзани со продавницата.

Нема да напишам таков страстен вовед како Apple, кој почна да ги претставува роденденските статистики со следните редови: “App Store поттикна културен, социјален и економски феномен кој промени како луѓето работат, играат, се среќаваат, патуваат и многу повеќе”, но мора да се признае дека App Store имаше големо влијание врз навиките на корисниците на паметните телефони.

Овојпат, Apple се обиде да го изрази гореспоменатото во бројки:

  • ResearchKit и CareKit, двете здравствени софтверски алатки на Apple за докторите и медицинските истражувачи користени во клиничките тестови за состојби како физикална терапија, Паркинсонова болест и аутизам биле користени од над 500 доктори и научници, а исто така и 3 милиони луѓе учествувале во овие тестови.
  • Вкупно 28.000 iOS апликации овозможуваат можност за претплата и корисниците оствариле 95 проценти повеќе претплати во однос на минатата година.
  • Најпопуларни помеѓу гореспоменатите се Netflix и кинескиот ривал, iQIYI.
  • Stories пронајдени во Today табот на App Store биле прочитани од 1 милион корисници (иако би сакал да додадам дека не се работи за екстремно висока стапка во споредба со 500 милиони посетители неделно)

Иако можеме многу да расправаме за тоа колку целиот овој “јавен феномен” е всушност здрав…

Можете да најдете дополнителни интересни факти во официјалното соопштение за медиумите на App Store. Десетгодишнината не се прославува само од компанијата, туку и од други. На пример, App Annie создаде доста возбудливо ретроспективно резиме на најпопуларните апликации во последните 10 години.

Извори: The Verge, Apple Newsroom

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!