imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Четири 3D Touch опции за подобро организирање на iPhone


Дали денеска научивте нешто ново? Сега имате прилика, бидејќи откривме четири одлични трикови за унапредување на iPhone со помош на 3D Touch. Ако сакате да бидете организирани, овие совети ќе ви го разубават денот.

Кога имате iPhone, тоа е како да сте во верна врска. По периодот на меден месец, полн со откритија и возбудувања, влегувате во секојдневно темпо и своевидна рутина. Немојте да допуштите пламенот на љубовта да се изгаси – гледајте го својот партнер со свежи очи секој ден!

3D Touch е често потценет и ретко се употребува. Можеби знаете неколку кратенки како Peeka & Pop, но има уште многу трикови кои можат да ви бидат корисни и да ви заштедат време. Накратко, се работи за функција на допир осетлив на силата на притисок, која ви отвара нови можности за управување со уредот со користење на подолго притискаање на екранот. Па да видиме за што се работи!

Бришење на известувањата одеднаш

Сакам ажурираност и секогаш ме нервира кога на екранот ќе видам известувања со непрочитани пораки. Ако сте како мене, ќе го обожувате овој трик: можете со еден потег да ги исчистите сите известувања во Nottification center:

  • Повлечете го Nottification center од горниот дел на екранот.
  • Применете 3D Touch на малата икона „x“ во горниот десен агол на било кое известување и изберете „исчистете ги сите известувања”.
  • И тоа е тоа!

Скокнете од известување во фолдер

Во ред, имам фолдери. Многу фолери. Сакам кога апликациите ми се организирани и уредот е прегледен. Затоа посебно ме нервира кога покрај фолдерот ќе видам бројка, бидејќи тогаш треба да барам која апликација е виновна за тоа, па да ја отворам… За да заштедите време и фрустрации, доволно е да:

  • Примените 3D Touch на фолдерот.
  • Да ја погледнете прикажаната листа апликации со известувања.
  • Да го изберете виновникот и директно да влезете во таа апликација.

Поставете ги подесувањата според приоритети

Досега веќе ви е јасни дека мразам да го губам времето. На пример, кога работам и одеднаш морам да чекам да се преземе некоја надградба. Но, имам решение и за тоа!

  • Применете 3D Touch на апликацијата која се презема.
  • Изберете ја опцијата „Prioritize Download“.

Ова заслужува тивка благодарност за генијалноста на инженерите на Apple, кои мислеле и на такви ситници.

Поедноставете ја камерата

Дали веќе се заљубивте во 3D Touch? Ако не сте, сигурно ќе ве освои оваа елегантна функција. Во денешно време сите се наоѓаме во ситуација дека треба брзо нешто да фотографирате или да снимате во slow motion. Наместо да ја поминувате процедурата на отворање на апликацијата и барање на саканата функција, и пропуштање на идеалниот момент кој сакате да го овековечите…

  • Применете 3D Touch на иконата на апликацијата Камера.
  • Изберете една од понудените опции: Сними селфи, Сними видео, Скенирај QR код или Сними портрет.

Кој трик најмногу ви се допаѓа?

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.