imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Chuchel – Неверојатно лудило


Многу луѓе ја потценуваат комедијата, иако воопшто не е лесен жанр. За среќа, чешката група Amanita Design беше храбра и даде се од себе со својата најнова игра да ги насмее сите.

Најавата на Chuchel привлече внимание од многумина, со оглед на тоа дека нејзините програмери, благодарение на Samorost и Machinarium се многу познати во гејминг индустријата. Оптимистичките очекувања се оправдани, а нивната најнова игра ги доби сите пофалби од критичарите, а по освојувањто на Windows и OS X, објавена е за iOS и Android уредите.

Бевме малку скептични кога ја видовме предлог играта во App Store, со оглед на тоа дека константно не уверува дека Chuchel е исклучително забавен. По 20 години играње игри стекнавме впечаток дека програмерите ретко се определуваат за хумор во играта, а ако сепак се осмелат на тој чекор, често не разочаруваат. Секако, секогаш постојат исклучоци, да се сетиме само на генијалниот Neverhood Chronicles. Токму поради тоа, навивавме да се оствари она што го пишуваат маркетиншките професионалци на Apple.

Допуштете ми да ви ја кажам поентата на вицот: овој пат, креаторите ја направија кул игра. Чешката група така успеа да создаде будалеста и единствена игра, на која и нема рамна, посебно не на мобилните платформи. Ќе ви требаат околу два часа да ја завршите играта, а во текот на играњето, многу пати се насмеав и се врзав за овие едноставни ликови во само неколку минути. Па, хуморот е релативна работа, секако, но мислам дека многумина ќе се чувствуваат како јас. Па за што всушност станува збор во оваа игра?

Chuchel е авантуристичка игра со исклучително едноставна приказна, во која гигантската рака ја краде вишната на нашиот главен јунак, а тој пробува да ја врати назад. Она што следува кретаивна и смешна авантура. Приказната не води од садоперите преку вселената до црвениот тракт на крадците, така што забаваната компликација е загарантирана.

Потрагата по вишната на преку 30 патеки е многу шаренолика и ја следат извонредни визуелни ефекти. Во текот на играњето се сретнуваме со логички задачи и предизвици, како и предизвици кои се темелат на вештини. Понекогаш можете да поминете ниво со помош на класичниот рецепт “point and click”, во други случаи ви се потребни прецизни движења, но понекогаш и брзото притискање по екранот ќе го направи своето.

Некои патеки не потсетуваат на бесмртните игри како што се Pac-Man и Tetris, но и современите како што се Flappy Bird или Angry Birds. Всушност, залудно би пробале да ја објасниме суштината на играта, бидејќи со мало претерување сите нивоа ги претставуваат различните жанрови.

Приказната се одвива во апсурдни ситуации, со многу смешни и незаборавни ликови. Примарниот извор на забава е исклучителната неспретност на нашиот јунак и злосторствата на кои е изложен. Играта ја прати традицијата на бурлеска, која не би функционирала вака добро без визуелни ефекти.

Програмерите секој лик исклучително прецизно го креирале, така што смеата е загарантирана. До детал е испланирано секое движење на нашите јунаци, а ние никако не можевме да останеме сериозни. Невозможно е да се запазат сите детали при едно играње, па поради тоа предлагаме играње неколку пати.

Тимот на Amanita Design направи одлична работа и кога во прашање е звукот. Песните се мксимално прилагодени на неспретните и смешни ситуации на нашиот лик. Најдобро од се е свиркањето, зуењето и мрморењето, кои ја оживуваат играта и и даваат посебен шарм. Програмерите одговорни за звучни ефекти совршено ги применија за да ја подобрат хумористичната страна на играта.

За да не бидеме во целост субјективни, мораме да наведеме и некои негативни фактори. Програмерите не ја искористиле можноста која ја пружа огромниот екран на новите уреди, така што се појавува црна рамка. Секако, постои можност за коригирање, но не се добива целосно доживување, како што тоа го очекуваме од премиум игрите.

Покрај тоа, тешко е да се наведат уште негативни фактори кои се однесуваат на Chuchel. Чешката игра е целосно единствена, пружа одлично искуство, и покрај тоа што ги користи наједноставните алати на комедија, тешко дека некој може да му одолее на смеењето. Благодарение на едноставниот хумор и цртаните карикатури, можат да ја играат и децата, така што истовремено е и одличен извор на забава за целото семејство.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.