imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

CleanMyMac X – најдобра апликација за чистење на Mac


Во случај да испробате само една апликација од овој вид, тоа дефинитивно би требало да биде оваа. Ќе ви ги покажеме најдобрите функции на неодамна објавената апликација CleanMyMac X.

Не сум голем обожавател на апликации кои ветуваат дека ќе го исчистат вашиот систем, не ми се допаѓаше ни CCleaner и сличните апликации за Windows. Меѓутоа, имав прилика да се сретнам со CleanMyMac 3 и навистина се покажа како одлична апликација, долгорочно гледано. Нејзиното најново издание, CleanMyMac X, покрај тоа што е исклучително брзо, содржи неколку нови функции.

За што е добар CleanMyMac?

Па, невозможно е да се даде конкретен одговор во само една реченица, бидејќи е добар за многу работи. Пред се, неговата најпопуларна функција е она што и мене најмногу ми се допадна: можете да ги отстраните заглавените фајлови на предмеморијата едноставно и брзо и исто така можете да го заштитите вашиот компјутер од бавна работа. Натаму, ја содржи функцијата наречена Uninstaler, која би можела да им биде корисна на сите кои инсталираа апликации на Mac, а не само од App Store.

Оваа функција веројатно ви е потребна, бидејќи додека прилично е едноставно да се фрли апликација во trash, поголем дел од програмерите немаат соодветни платформи за деинсталација, така што голем дел од ѓубрето се задржува и остава траги во просторот за складирање. Значи, едноставно можете да ја употребите апликацијата за овој проблем со кој ќе биде лесно да се отстрани било која апликација од трета страна, како и нејзините траги. 

Освен тоа, можете да пронајдете решенија за стартување скрипти или бришење DNS предмеморија – ќе ги пронајдете овие функции во менито Одржување, како и многуте други напредни поставки, кои на просечниот корисник веројатно нема да му бидат потребни, па поради тоа не би влегувал премногу во детали. Она што исто така би можело да биде интересно е Приватноста, со помош на која можете да ја отстраните историјата од апликациите.

Кои се новите функции?

Во случај тоа да не ви е доста и не сте задоволни, CleanMyMac X содржи дополнителни функции во однос на претходната верзија. Она што може многу јасно да се види е тоа дека апликацијата станала прилично брза. Уште повеќе, со помош на Smart Scan можете да ја мапирате состојбата на вашиот компјутер, а тој ќе ви предложи апликации кои би можеле да го поправат. CleanMyMac Assistant го прави истото на дневна база: праќа автоматски предлози и ја прегледува состојбата на системот.

Во новото издание, сега можете да ги снимите податоците за најава, можете да побарате апликации кои имаат најголема потрошувачка на енергија и врз основа на сето тоа можете да добиете појасна слика на вашиот компјутер, можете темелно да го исчистите и да го направите побрз. Значи, можете да ги направите компјутерите кои се во секојдневна употреба значително побрзи со оваа апликација, бидејќи дијагностиката нема да трае со часови или денови.

Испробајте ја и поделете го вашето мислење во коментарите!

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.