imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

CloudMounter: Поврзете го својот простор во облак со Finder


Со помош на оваа прекрасна апликација за Mac, можете да го направите просторот во облак за составен дел на овој систем. А нема да ви требаат ниту клиенти, ниту интернет платформи.

Денеска ќе ви покажеме едноставна, но многу корисна апликација. CloudMounter не ветува премногу, но она што го прави, го прави професионално. Оваа апликација служи за поврзување на различните простори за складирање во облак со macOS, како да се работи за екстерни дискови.

Едноставно отворете ја апликацијата и пријавете се на достапните услуги. Тоа е се. Од сега ќе можеме да им пристапите на своите податоци во облак преку Finder како што ги пребарувате фајловите на компјутерот или iCloud.

Сите податоци кои ги копирате ќе се синхронизираат, па овие податоци ќе можете да ги пребарувате и преку интернет платформите. Во прицип, зборуваме за клиентска апликација која ги интегрира клиентите на едно место, но истовремено ги менува и сите други клиенти.

Понудата на опции не е многубројна, но мислам дека повеќе не се ни потребни. Меѓутоа, листата на достапни услуги би можела да се прошири и би можеле да се додадат, на пример, Mega и Microsoft OneDrive.

Оваа апликација чини околу 60 долари, со што добивате трајна лиценца и гаранција на ажурирање. За среќа, оваа апликација е сместена и во Setapp, па тоа ви е многу подобра алтернатива.

Тука можете да ги прочитате сите детали, а на овој линк можете да се пријавите.

Веќе ги тестиравме најпопуларните апликации во Setapp, а тоа се:

Flume – Совршен Instagram клиент за Mac
Typeface – Достапен менаџер за фонтови на Mac
CleanMyMac X – Најдобра апликација за чистење на Mac
Gemini 2 – Заборавете на дупликати!
Xmind – Одлична Mac апликација за ментално мапирање
Bartender – Важно е да се биде уреден
Boom 3D – Оптимален звук за вашиот Mac
Dropzone 3 – Големиот господар на Drag & Drop

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.