imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Да зборуваме искрено за скандалот со разубавување!


Ги поправа ли предната камера на новите iPhone уреди фотографиите намерно или гледаме нешто што всушност го нема?

Помина уште еден септември и повторно многу работи се случија кај Apple. На почетокот на месецот, екипата од Купертино претстави три нови iPhone уреди, а кон крајот на месецот сите зборуваа за нов скандал. Односно, за новите скандали. Освен оној козметичкиот, дел од корисниците имаа проблеми со полнењето на уредот, но Apple го реши тоа оваа недела.

Хејтерите секогаш среќно го дочекуваат својот момент и шансата да пишуваат за „крајот на Apple”. Сепак, во овој случај сите погрешија – и нашите читатели, и корисниците на Android, па дури и познатите имиња во светот на технолошките вести.

Но, за што се работи? Што се случува со тоа несакано разубавување? Дали Apple и тоа ќе го поправи? Сите тие прашања на корисниците кои ги купија новите iPhone уреди се и повеќе од оправдани. За подобро да разбереме што всушност се случува, ги тестиравме и споредивме предните камери на iPhone 7, iPhone X и iPhone XS Max (чија камера е идентична на онаа во iPhone XS). На почеток се чини дека камерата на најновиот уред има автоматски anti-aging ефекти, но ако се загледате малку подобро, се ќе ви стане јасно.

Ги испробавме селфи камерите на сите наведени модели во многу различни услови и опкружувања, а резултатите кои ги добивме навистина не изненадија. Исто така, мораме да додадеме дека фотографијата снимена со iPhone XS е значително подобра од останатите. И самите тоа јасно го гледате на сликата. Овој уред автоматски ја поставува најдобрата експозиција во услови на послабо осветлување. Освен тоа, никако не можевме да се одлучиме дали овој ефект ги прави разубавувањата подобри кога светлината е посилна или послаба.

Би можеле да кажеме дека iPhone XS Max работи нешто со позадината поради што некои детали се губат. Тоа е точно и не е никаква тајна. Веќе на Keynote презентацијата е откриено што го предизвикува овој ефект на разубавување. Се работи за Smart HDR. Накратко, кога ја снимате фотографијата, iPhone XX истовремено слика неколку фотографии со премала и преголема експозиција, па сите ги сопува во една фотографија. Ако сакате да знаете нешто повеќе за HDR, тука ќе ги најдете одговорите на сите прашања.

Значи, оваа функција и овозможува и на предната и на задната камера снимање на фотографии со поголем динамички опсег. Исто така, благодарение на ова решение, предниот и задниот план можат да се приближат во експозицијата, а да не се гледа ништо на самата фотографија. Сепак, овој автоматски процес подразбира и губење на некои детали на сликата.

Нашите заклучоци ги потврди и влогерот Jonathan Morrison, кој дополнително ја зачини својата приказна. Имено, на својот Instagram објави селфи со натпис „снимено со Pixel 2″. Коментаторите беа полни со пофалби за камерата на паметниот телефон на Google и не ја пропуштија шансата да го засрамат Apple поради целата афера со разубавувањето. Единствениот проблем беше тоа што фотографијата е всушност снимена со iPhone XS. Така Morrison едноставно докажа дека онлајн расправите за квалитетот на камерата се навистина бесмислени.

Конечно, нема никаков скандал. Едноставно се работи за тоа дека камерата на iPhone X работи поинаку од камерата на постарите модели на iPhone. Прашањето кои фотографии се подобри е праашње на личен вкус. На мене, пак, забавен ми е фактот дека и по две недели тестирање на новите уреди и натаму пронаоѓаме нови и необични функции.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.