imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали би сакале Menu Bar во iOS?


На еден програмер во iOS му здодеа што iOS нема вистински Menu Bar, па проба да најде соодветно решение во сопствената апликација. Сега кога гледаме како тоа би можело да изгледа, сакаме таа лента да биде насекаде!

Иако официјалниот став на Apple дека iOS и macOS никогаш нема да се поврзат, овие два системи – но првенствено iOS – постојано се приближуваат еден кон друг со ситни чекори. Од една страна, благодарение на значајните унапредувања на iOS 11, сега е можно посериозно да се работи на iPad; од друга страна, постојат и посероизни иницијативи да се поврзат iOS и macOS апликациите.

Apple пробува да истакне дека iPad може да замени лаптоп, но нашите тестови секогаш покажуваат дека тоа, сепак, и натаму не е можно. Не поради хардверот, туку пораади ограничувањето на софтверот. Овие ограничувања се манифестираат во многу облици, помеѓу останатото и со недостаток на соодветен Menu Bar.

Несомнено е дека можете да работите побрзо и поефикасно аако на располагање имате динамично и секогаш достапно мени со сите опции, наместо да морате постојано да ги пребарувате сите скриени страници, поставки и прозорци.

За среќа, Two Lives Left, програмерот на апликациите Code и Shade, проба да смисли решение за овој недостаток. Во тоа успеа делумно, бидејќи тешко дека засега можеме да зборуваме за целосно решение. Вистина за волја, досега не сме биле поблиску до совршено решение.

Нема што многу да се објаснува, фотографиите говорат сами за себе. Значи, постои апликација која во своетл зааглавје има најмалку едно видливо мени. Кога ќе кликнете на него, се појавува подмени со детални опции, во кои се наоѓа дури и соодветна кратенка за тастатура. Кога ќе изберете една од нив, можете нормално да продолжите со работа.

Ваквата мени лента очигледно нема да ви биде потребна во секоја апликација, но секако ќе им биде потребна на оние кои имаат бројни опции и операции на подесување.

Дали ви се допаѓа?

Доколку подетално ве интересира процесот на програмирање и кодирање на ова решение, прочитајте го постот на блогот што го сподели овој програмер.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.