imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали и вие би биле добар UI дизајнер?


Кратка, но несомнено забавна игра ќе ви покаже дали можете да станете дизајнер на кориснички интерфејс. Сакате ли да ги пронајдете сите детали кои не одговараат.

Во денешно време, дизајнот на една интернет страница е важен во иста мерка како и нејзината содржина. Освен добрите вештини, морате да имате потребно знаење за да го направите интуитивен и едноставен за употреба. Оние кои имаат и едно и друго можат да се сметаат UI (User Interface, кориснички интерфејс) дизајнери.

Секако, сето тоа може да се научи. Најважно е да се следат неколку златни правила: пространост, боите и рабовите кои ќе им се допаднат на корисниците. Добрите дизајнери знаат како да ги применат тие правила. Меѓутоа, да се има око за тие работи е сосема друга работа. Покрај кретаивност, нужно е да се има добра естетска интуиција.

Сега можете да ги тестирате своите вештини со помош на играта Can’t Unsee. Таа ќе ви помогне да научите како да ги забележите примероците, рамнотежата, рамнењата, линиите и другите мали грешки. Се е демонстрирано според правилата на iOS дизајнот, па корисниците на iPhone се во предност. Меѓутоа, најмногу ги има оние најчести и наједноставни грешки.

Постојат три нивоа (лесно, средно и тешко), а секое ниво има 15 различни примери. Во секој таков пример морате да споредите два наизглед исти фрагмента на корисничкиот интерфејс. Но само еден е исправно дизајниран – а на вас е да го препознаете. Откако ќе донесете одлука, веднаш ќе добиете повратна информација за да знаете дали сте биле во право. А тогаш, како што вели самото име, нема да можете да не ги видите грешките…

Испробајте ја играта Can’t Unsee!

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.