imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали имате застарени Apple Watch апликации?


Ако вашиот одговор е потврден, нема ништо да изгубите ако ги отстраните. Ќе ви покажеме како можете да ги пронајдете таквите апликации и да ги избришете!

Благодарение на паметното технолошко решение, преминот од 32-битна на 64-битна архитектура на Apple Watch Series 4 помина без никакви тешкотии. Сепак, watchOS 5 донесе и некои други промени. Поради тоа неминовна последица е дека некои апликации станаа застарени и дека треба да се простиме од нив.

Имено, со лансирањето на watchOS 4.3.1, Apple ги предупреди програмерите дека апликациите напишани во watchOS 1 SDk нема да бидат компатибилни со watchOS 5, и дека мораат да се ажурираат. Сите апликации кои не се ажурирани стануваат бесмислени во новиот систем, па нема смисла ни да се задржат.

Еве како можете да ги отстраните сите застарени апликации (ако ги имате):

  1. Отворете ја апликацијата Watch на својот iPhone.
  2. Одете на дното на табот My Watch.
  3. Ако имате застарени апликации, тука ќе ја видите опцијата „Unavailable Apps“. Притиснете ја.
  4. Сега ќе ја видите листата на сите ставки кои треба да ги отстраните.
  5. Притиснете ги една по една, и изберете ја опцијата „Delete App and Associated Data“.

Збогум!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.