imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали навистина протекоа фотографии од iPhone Xc?


Како што можете да видите, да. Барем ако може да му се верува на Ben Geskin, кој објави вистински прототипи на Twitter и го знае точното име на уредот и сите детали за него.

Каде исчезнаа оние денови кога можевме да уживаме во Keynote без да знаеме што точно не очекува и уживајќи во изненадувањата? Слободно можеме да кажеме дека овие времиња се работа на минатото. Во текот на викенот ги прегледав старите Keynote презентации и проверив што во тоа време однапред знаевме за новите производи.

Дури и во 2010. година однапред знаевме дека новиот iPhone 4 ќе има метални рамки и стаклена позадина. Истата оваа година, самиот Steve Jobs ја сподели големата тајна за iPad со Walt Mossberg пред презентацијата, и таа веднаш се најде на насловните страници на технолошките спиосанија.

Затоа не не чуди дека и оваа година протекуваат информации: веќе ги видовме фотографиите на новиот iPhone Xs и четвртатат генерација на Apple Watch. Нема сомневање дека на палетата на бои ќе и се придружи златната верзија. А сега имаме и шарени iPhone уреди. Според гласините, овој евтин роднина на iPhone Xs ќе се вика iPhone Xc. Се повторува ли историјата? iPhone 5s и iPhone 5c беа претставени во 2013. година. Судејќи според имињата, би можеле да очекуваме многу слично сценарио.

Она што со сигурност го знаеме е дека “средниот” уред ќе биде со големина од 6,1-инчи, со традиционален LCD екран и малку поевтин хардвер. Последен пат кога Apple претстави iPhone уреди во разни бои, имаа идентичен хардвер како моделите од претходната година, само што имаа понов дизајн. Како што гледате на фотографиите, iPhone Xc нема двојна камера од задната страна како iPhone X. Изгледа како наследник на iPhone 8, чиј хардвер е речиси идентичен на хардверот на iPhone X.

Во секој случај, Ben Geskin во својата објава спомена четири бои: бела, вселенска сива, виолетово златна и црвена. Оваа последната е вистинско изненадување, бидејќи Apple обично ја претставува PRODUCT(RED) линијата производи напролет. А уредот кој би можел да биде со space gray боја повеќе потестува на темно сина нијанса. На една од фотографиите се гледа и влез за SIM картичка, кој сега е прилагоден за две картички. Geskin овие уреди претходно ги нарекуваше dummy модели, но подоцна тврдеше дека се работи за вистински уреди. Како и да е, вистината наскоро ќе излезе на виделина, бидејќи новите iPhone уреди официјално ќе бидат лансирани на 12. септември. Следете не за сите информации.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.