imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали новите iPhone уреди ќе доцнат поради компјутерски вирус


Во компанијата која произведува A12 процесори дојде до напад со вирус. Производните ленти се запрени, па се поставува прашањето дали поради тоа ќе доцни испораката на новите iPhone модели.

Во април пишувавме дека тајванската компанијата TSMC почнала со масовно производство на нови, 7-нанометарски чворови. Нешто подоцна, во мај, почнавме да претпоставуваме дека почнале да ги произведуваат и процесорите за годинашните iPhone уреди.

Се течеше глатко и одеше според распоред: масовното производство почна навреме со цел Apple да стане прва компанија на пазарот која ја употребува оваа нова технологија. Тоа беа одлични вести бидејќи можевме да бидеме сигурни дека годинашното производство нема да доцни и дека нема да се повтори минатогодишното сценарио со тенките залихи. Со причина зборуваме за минато време, бидејќи во петокот TSMC го објави следното:

Огромен удел на производните линии го нападна мутираниот вирус WannaCry ransomware, па производството на процесори е запрено.

Ако лентите запреле во моментпот кога пропизводството беше во полн замав, црно и се пишува на доставата на A12 процесорите за iPhone. Сепак, кризата е брзо решено и 80 проценти од машините продолжиле со редовна работа во понеделник. Меѓутоа, во случајот на вака голем обем на производство, се работи за огромен заостаток.

Според TSMC, се очекува дека ќе „успеат да ги исполнат нарачките за Apple Inc. навреме”. Се надеваме дека се во право…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!