imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Дали сте слушнале за Wi-Fi 6? Крајно време е!


Доколку не сте слушнале за него, сега би требало да се информирате, бидејќи може да се случи да се најде на годинашните iPhone уреди. Што е тоа и за што всушност служи?

Blaine Curtis, аналитичар на Barclays, го посети CES и кога се врати дома размислуваше за новите технолошки трендови кои таму ги виде. Заклучи дека новите iPhone модели би можеле да имаат поддршка за Wi-Fi 6 или под помалку познатото име 802.11ax, кој би го заменил моментниот 802.11ac.

Иако целата работа звучи малку субјективно, постои извесна логика во ваквиот предлог. На CES се претставени навистина многу уреди кои веќе имаат поддршка за Wi-Fi 6. Значи, технологијата е блиску, сега само останува прашањето дали Apple ќе ја примени.

Врз основа на претходното искуство, тоа ќе биде многу скоро. Да се потсетиме само на фактот дека беа први кои ја усвоија претходната, 802.11ac верзија, која е завршена во декември 2013. година. Може да се каже дека Apple се смета за пионер во интеграција со новите Wi-Fi технологии, во споредба со, на пример, мобилните технологии, за кои сакаат да причекаат со имплементацијата, како што веројатно ќе биде случај со 5G технологијата.

Што е Wi-Fi 6 и за што служи? Па, се работи за нов стандард кој ветува поголема брзина на проток на информации, поголем капацитет, подовар ефект во густиот интернет сообраќај и поголема ефикасност. Да поедноставиме, ќе биде фантастичен.

Единствениот проблем е што за нив ви требаат рутери, кои би требало да се појават следната година. Но, iPhone уредите сигурно ќе бидат подготвени за нивното доаѓање.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.