imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Дали вашите лични податоци се украдени од Facebook?


Во последната кражба на податоци на Facebook погодени се 30 милиони корисници. Сега е отворена страница на која корисниците можат да проверат дали се помеѓу тие жртви.

Минатиот месец повторно се случи незгода со хакерски напад на Facebook. (Инаку, затоа моравте повторно да се пријавите на сите уреди, бидејќи компанијата автоматски ги одјави сите корисници). Според она што го знаеме досега, напаѓачите успеале да пристапат до податоците на околу 30 милиони корисници, а постои шанса и вие да сте помеѓу нив.

Поради тоа, Facebook минатата недела лансираше посебна интернет страница на која сите можат да проверат дали се жртви на овој напад. Се што треба да направите е:

  • Посетете ја оваа интернет страница.
  • Пријавете се.
  • Одете на дното истакнато со сина боја „Is my Facebook account impacted by this security issue?“

Ако сте меѓу среќниците кои добро поминале, ќе ја добиете оваа порака:

Our investigation is still ongoing, but based on what we’ve learned so far, the attackers did not gain access to information associated with your Facebook account.

Сите проблематичности се скриени во одделот „View As“, по пат на кој можете да погледнете како вашиот профил им изгледа на другите.

Иронично е дека причината за гаснење на Google+ е многу слична. Имено, во тој хакерски напад беа оштетени половина милион корисници.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.