imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Dark Mode конечно би можел да пристигне со iOS 13


Покрај тоа, би можеле да очекуваме обнова на опцијата на повеќе прозорци на iPad, а постои можност и за менување на најпростите гестови и најздодевниот скокачки прозорец.

Guilherme Rambo изнесе нови предвидувања на страницата 9to5mac, овој пат во врска iOS-om 13. Најважна работа веројатно е доаѓањето на Dark Mode, кој ќе може да се активира во Поставките и ќе работи со сите зададени апликации.

Уште една корисна промена се однесува на сигналот за менување на јачината на гласност. Сега се појавува голем скокачки прозорец во средината на екранот, секогаш кога ја менувате гласноста, при тоа криејќи голем дел од содржините. Тоа воопшто не е пријатно решение, па се радуваме на новата и подобра верзија. Но, засега немаме никакви примери.

Корисниците на iPad можат да очекуваат две големи промени. За почеток, опцијата за повеќе проозрци би можела да биде унапредена. Не ни е јасно што тоа точно значи – некакво видео би можело да ни помогне ова подобро да го разбереме. Фактот дека Apple работи на подобро решение за работа со повеќе прозорци би можел да биде дел од нивниот голем план таблет уредите да ги заменат компјутерите.

Уште една корисна промена би можела да се однесува на опцијата “Поништи”. Сега треба да го протресете iPad-от за да ја активирате, што не е најелегантно решение. Со iOS 13 ќе биде претставен гестот на повлекување со три прста, кој би се користел за поништување. Нам тоа ни звучи пологично.

И апликацијата Mail би можела да биде унапредена: би можеле да ги орагнизирате пораките според темите, на пример реклами, работа, купување и слично. Можеби ќе ја добиеме и опцијата за накнадно читање.

Иако Rambo не се повика на одредени извори, досега се покажа како многу доверлив извор на информации. Поради тоа, се надеваме дека неговите предвидувања ќе се остварат.

Која новост најмногу ви се допаѓа?

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.