imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Денеска почнува Black Friday во iSTYLE


Оваа година Black Friday во iSTYLE почнува вечерва во 22 часот и ќе трае до понеделник, 26. ноември. Во тој период, iSTYLE сите купувачи кои ќе ја посетат продавницата во Скопје Сити Мол, или ќе се одлучат за интернет купување, ќе ги израдува со големи попусти. Поради тоа, еве неколку информации и совети кои е добро да ги знаете, за да не ги пропуштите најдобрите понуди.

Што е Black Friday?

Феноменот Black Friday потекнува од Соединетите Американски Држави, поточно, се работи за петокот по Денот на Благодарноста. Тој го обележува почетокот на божиќната сеона, која се слави со огромни попусти од трговците, но поради овој настан во градовите доаѓа до големи сообраќајни гужви, па поради тоа властите овој ден го нарекуваат “црн петок”. Уште една причина зад ова име и бојата која компаниите ја корситат за да ги обележат губитоците и добивките – за губитоците користат црвена боја, додека за добивките користат црна боја. Бидејќи поголем дел од трговците имаат добивка кон крајот на ноември, почнаа да го користат тој израз за последниот петок во ноември.

Значи, шопинг треската е неизбежна, но можете да се подготвите на неколку начини за да си ги олесните работите. Имајќи на ум дека секоја секунда е битна во оваа ситуација, најдобро решение е однапред да се регистрирате во веб-продавницата, за да не губите време на тоа, во моментот кога ќе почне Black Friday.

Покрај тоа, практично е да се подготви и најбрзиот маус кој го имате, добро да се наспиете пред почетокот за да бидете целосно будни, да ги проверите рефлексите и да го исклучите Интернетот на соседот, бидејќи речиси сигурно дека и тој или таа ќе ги посакува истите iSTYLE попусти, како и вие.

Black Friday во iSTYLE

Поголем дел од производите на Apple, од четврток во 22 часот, до понеделник 26. ноември, можете да ги купите во најниски цени оваа година. Кога се во прашање компјутерите, попуст можете да остварите на MacBook Air 13″, чија цена почнува веќе од 49.990 денари, како и Mac Mini (веќе од 29.990 денари) и MacBook 12″ Retina, кој во конфигурација од 8 GB RAM и 256 GB ќе чини 78.990 денари (намален од 89.990 денари)

Во понудата ќе биде и iPhone 6s од 32GB по цена од 22.290 денари, како и iPhone 7, чија цена почнува од 31.990 денари. Не го заборавивме ни iPad Pro 10,5-инчи, кој ќе се продава по намалена цена од 38.990 денари, наместо досегашната цена од 45.990 денари.

Љубителите на квалитетниот звук ќе ги израдуваме со попусти на слушалките Beats Solo3 Wireless On-Ear (3.690 денари наместо досегашната цена од 5.990 денари) и Beats EP On-Ear, кои од 18.490 се намалени на 12.900 денари.

Black Friday понудата ќе биде актуелна и во iSTYLE интернет продавницата, па поради тоа следете ја нашата веб-страница. Целосната понуда со намалени цени ќе биде објавена наскоро!. Промоциите ќе важат и во iSTYLE продавницата лоцирана во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.