imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Десет проценти од уредите веќе работат на iOS 12


Кога станува збор за септември, се претставуваат нови уреди. Можете да се навикнете на редовниот распоред на Apple. Заедно со новите паметни телефони, се појавува и следната верзија на iOS. Истото се случи и оваа година.

Финалната верзија на iOS 12 стана достапна за сите на 17. септември, со многу нови функции, ветувајќи подобри перформанси и други поправки на грешки. Системот функционира толку добро, што за помалку од 48 часа, десет проценти од уредите кои се во употреба во моментов веќе работат на iOS 12. Иако првите повратни информации беа апсолутно позитивни, iOS 11 ја достигна истата точка за само еден ден минатата година.

И една година претходно, iOS 10 стигна до 14,45% од уредите за само 24 часа. Дури и ако корисниците имаат тенденција да бидат повнимателни со надградбите, Apple може да биде повеќе од задоволен.

Покрај новите функции, во iOS 12 Apple посвети многу внимание на стабилноста и сигурноста – за да задоволи многу корисници. Новиот систем донесе сериозни подобрувања и во брзината и во перформансите.

Би сакале да додадеме дека ова ажурирање не само што ги забзрува најновите модели, туку и постарите. Ако ги проверите перформансите на iPhone 6 Plus, отворањето на апликации стана побрзо за 40%, тастатурата се појавува до 50% побрзо и за отворањето на апликацијата Камера сега е потребно 70% помалку време.

Го тестиравме iOS 12 на подолг рок во канцеларијата – на скала од iPhone 6 до iPhone X – исто така од кога беше лансирана првата бета верзија. Се забавувавме дури и за време на првата бета, главно кога ја инсталиравме на постарите уреди. Во случај на сега веќе години години стариот iPhone 6, го доживеавме најсериозното подобрување на перформансите.

iOS 12 сега е достапен од iPhone 5s и iPad mini 2, дајте му шанса на системот и не двоумете се да ни го кажете вашето мислење!

Извор: Macrumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.